Skip Navigation LinksПочетна / Реализирај ја твојата идеја со наша поддршка

Реализирај ја твојата идеја со наша поддршка

Аплицирај со своја бизнис идеја тука!

 

Идејата значи можност!
Ако имаш уникатна и иновативна идеја, тоа значи дека ти се укажала можност и си на прагот да станеш претприемач. Идејата е најважниот предуслов за да се создаде нов бизнис. Реализирај ја!

 

Зошто YES бизнис инкубаторот?
Затоа што нудиме услови за да бидеш чекор пред другите: 

  - Целосно опремен канцелариски простор по цена пониска од комерцијалната со

    вклучени сметки за струја, вода, интернет, греење, телефонска линија (објектот

    има сопствен паркинг простор и е обезбеден 24/7)

  - Промоција на компанијата, нејзините услуги и производи 

  - Бенефицирани обуки, менторство и консултации со експерти во областа на

    претприемништвото, маркетинг и менаџмент, комуникации...

  - Техничка и финансиска поддршка

  - Користење на конференциски сали и сала за состаноци

  - Помош при остварување контакти со многу компании во бизнис инкубатор и

    надвор од него

 

Дали е сега вистинскиот момент?
Ако постојано чекаш „подобри времиња“ или сметаш дека се уште не си подготвен, треба да знаеш дека не постои подобар момент од овој сега!
Не чекај, започни да го реализираш она во што веруваш уште денес!
За да создадеш и развиеш успешен бизнис, неопходно е многу работа, волја, време, енергија и упорност. Раководење со своја стартап компанија е повеќе од работа. Тоа претставува задоволство. А тогаш резултатот е двојно поголем!

Идејата треба да добие поддршка!

За да започнеш бизнис, потребна ти е канцеларија, телефон, интернет, простор за одржување на состаноци, менторство и консултативна поддршка.
Сметаш дека основањето компанија бара огромна инвестиција? Дефинитивно не! Ние сме тука да ти помогнеме.

Погледни ги нашите простории!

 

Погледни кои се нашите дипломирани компании!

 

За повеќе информации контактирај не на 3103 660 или contact[АТ]yes.org.mk!