Skip Navigation LinksПочетна / Правни документи / Правила и услови на користење

Правила и услови на користење

Општи одредби

 
Добредојдовте на сајтот на ПСМ Фондација.
 
Со Вашиот влез во е-продавницата, се согласувате со општите одредби објавени подолу. Ве молиме прочитајте ги внимателно.
 
Заштита на лични податоци
 
Ве молиме прочитајте ја нашата Политика за заштита на лични податоци, објавена на насловната страница.
 
Електронска комуникација
 
Со Вашата посета на yes.org.mk или со испраќање на е-порака, воспоставувате електронска комуникација со нас. Од наша страна ќе добиете повратен одговор преку е-пораки и/или известувањата ќе бидат прикажани на веб страницата. Преносот на податоците се врши на серверот на Ace-Net, лоциран во САД. 
Со регистрацијата добивате можност за известувања за попусти, акции и нови производи. Доколку не сакате да ги добивате овие информативни билтени, Ве молиме испратете ја Вашата е-адреса.
 
Вашето корисничко име и лозинка
 
Доколку ја употребувате оваа веб страница, одговорни сте за одржување на приватноста на Вашето корисничко име и лозинка, како и за ограничен влез во Вашиот компјутер и се согласувате да ја превземете одговорноста за сите активности кои ќе се одвиваат со Вашето корисничко име или лозинка. Продажбата на малолетни лица под 18 годишна возраст не е дозволена, односно доколку имате под 18 години, можете да ги користите услугите на ПСМ Фондација со придружба на родител или старател, кој ќе одговара за плаќањето со неговата кредитна картичка.
Употреба
Примарна цел при прибирање на личните информации е да Ви обезбедиме сигурно, лесно и ефикасно искуство. Вие се согласувате дека можеме да ги користиме Вашите лични податоци за:
 
  • Да ви ги овозможиме услугите и поддршката кои ќе ги побарате,
  • Решавање на спорови или решавање на проблеми,
  • Оневозможување на евентуални забранети или илегални активности,
  • Прилагодување, мерење и подобрување на нашите услуги и содржина на веб страницата,
  • Споредување на точноста на дадените информации со трети страни.
 
Коментари, прегледи и друга содржина
 
Посетителите можат да објавуваат искуства, забелешки за производите или да објават идеи, коментари, прашања или други информации се додека содржината на истите не е нелегална, заканувачка, навредлива или може да повреди трети лица. Исто така, коментари со политичка содржина, масовни пораки, реклами и слично, категоризирано во „spam“ се забранети. ПСМ Фондација доо Скопје го задржува правото да ги отстрани тие пораки.
 
Опис на производот
 
За сите описи на производите направен е обид да се опишат најблиску и најточно што може. Сепак, ПСМ Фондација не гарантира дека описите на производите се комплетни, точни или без грешки. Доколку производот понуден и добиен од ПСМ Фондација не е во согласност со описот, Ваше право е да го вратите неоштетен и неупотребен.
 
Цени
 
Сите цени се изразени во денари и не ги вклучуваат и трошоците за пакување и дистрибуција.
Ограничување од одговорност
 
ПСМ Фондација овозможува највисока сигурност и безбедност на веб страницата. Меѓутоа, не можеме да гарантираме дека е невозможен пристап на хакери, компјутерски вируси и слично со што и Вие би биле засегнати.
Вие се согласувате да ја употребувате нашата веб страница на сопствен ризик.
ПСМ Фондација не обезбедува гаранција или враќање на производи и/или парични средства за производи или услуги кои не се купени од нашата веб страница.
 
Законски одредби
 
Со посетата на yes.org.mk се согласувате со овие општи одредби, политиките спомнати во овие општи одредби и со сите релевантни закони на Република Македонија.
 
Политики и измени
 
Ве молиме погледнете ги нашите политики, поставени на веб страницата. Овие политики исто така нудат одредби кои се однесуваат на посетата на веб страницата. ПСМ Фондација го  задржува правото да прави промени на веб страницата, политиките и општите одредби во било кое време.
 
Адреса:
 
ПСМ Фондација доо Скопје
16та Македонска Бригада 13Б, Скопје