Skip Navigation LinksПочетна / Медиа / Детали за новост

Прв повеќегодишен Акциски план на Мрежата за поддршка на млади претприемачи

01.04.2015

Мрежа за поддршка на млади претприемачи (YES Network) е проект финансиран од Европската Унија. Проектот го имплементира партнерски конзорциум предводен од Фондацијата за Претприемачки Сервис за Млади, а составен од Фондацијата за Менаџмент и индустриско истражување, Националниот центар за развој на иновациите и претприемачкото учење, Здружение на работодавачи Скопје и Алијанса на млади претприемачи од Европската Унија.

 

Мрежата за поддршка на млади претприемачи го подготви и објави својот прв повеќегодишен Акциски план преку кој дава сопствен придонес кон развивање на претприемачкото општество во Република Македонија.

 

Акцискиот план ги сублимира квалитативните придонеси изразени од страна на релевантните стеикхолдери (претставници од невладини организации, образовни и академски институции, креатори на политики и претставници од релевантни владини институции), кои учествуваа на трите состаноци посветени на трите столба на Акцискиот план за претприемништво 2020 на Европската Унија (EU Entrepreneurship Action Plan).

 

Планот предлага активни мерки за унапредување на поддршката за младите претприемачи во Македонија, во согласност со европската стратегија за претприемништво. Дел од мерките на Акцискиот план на Мрежата ќе бидат реализирани од страна на основачите на Мрежата, а одреден дел ќе бидат имплементирани преку партнерства со локални граѓански организации.

 

Целосниот документ е достапен тука.

 

Во согласност со следните активности на проектот и за реализирање на мерките предвидени со Акцискиот план, во почетокот на месец април 2015 година ќе биде објавен отворен повик за доделување грантови на граѓанските организации од Македонија.