Skip Navigation LinksПочетна / Медиа / Детали за новост

Можност за презентација пред инвеститори за стартапи во областа на телематика

13.08.2015

Telematics Startup е уникатен настан кој овозможува поврзување на стартап компании со инвеститори и компании кои се успешни во областа на телематика во Европа и целиот свет.


Настанот ќе се одржи на 30-ти септември во Софија, Бугарија, како најава за Петтата Конференција за Телематика на Југоисточна Европа (5th Telematics Conference SEEurope), која е единствената конференција во регионот што е фокусирана на телематика и на која учествуваат повеќе од 120 делегати од целиот свет.

 


Сите стартапи кои се во потрага по инвестиции/стратешки партнерства во областа на ИТ решенија за транспорт и логистика, управување со возни паркови и комерцијални возила, мапи и навигација, следење на возила и потрошувачка на гориво, транспортни податоци, паметни градови (smart cities), се поканети да учествуваат. Селектираните стартапи ќе имаат прилика да ги презентираат нивните производи/решенија во обид да ги убедат учесниците во панелот и публиката, дека нивните производи/решенија претставуваат неопходна потреба во оваа индустрија.


Најголемиот дел од публиката ќе биде составен од претставници на индустријата, така што избраните стартапи ќа имаат прилика да бидат меѓу потенцијални клиенти, бизнис партнери и компании кои се во развој преку мерџери и аквизиции (спојувања и превземања).


Сите стартапи што ќе бидат селектирани ќе добијат бесплатна влезница за Конференцијата за Телематика на Југоисточна Европа, која ќе се одржи на 1-ви октомври 2015, во Софија, Бугарија.

 


Повеќе информации (на англиски јазик) се достапни во овој документ.
Исто така и на овој линк: http://www.telematics-conference.com/seeurope/telematics-startup/