Skip Navigation LinksПочетна / Медиа / Детали за новост

Промоција на проектот „Заедно за успех:млади претприемачи, движечка сила за меѓуетнички односи“

18.02.2016

На 29ти февруари на Скопски Саем (Дипломатик сала) во Скопје ќе се одржи промотивен настан кој ќе го најави почетокот на проектот „Заедно за успех: млади претприемачи, движечка сила за добри меѓуетнички односи“ финансиран од Европската Унија. Проектот ќе го имплементираат четири партнерски организации: Фондација Претприемачки Сервис за Млади, Фондација за менаџмент и индустриско истражување, Фондација Евро Центар и Здружение на граѓани Милениум.


Главната цел на проектот е да допринесе кон развојот на мултикултурната демократија и стабилност преку зголемување на капацитетите на младинските граѓански организации и младите претприемачки од различни етнички групи. Во оваа насока, проектот ќе го промовира претприемништвото како заедничка меѓуетничка перспектива која ги поврзува младите, граѓанскиот сектор и сите релевантни владини институции.


Промотивниот настан ќе даде осврт на претстојните активности кои ќе се реализираат во рамки на проектот:

 

  • Спроведување на анализа на потребите и предизвиците на младите претприемачи од различни етнички заедници;
  • Организирање на претприемачки кампови за млади претприемачи, граѓански организации и претставници од општини;
  • Реализирање на промотивна кампања за промовирање и јакнење на меѓуетничките односи помеѓу целните групи;
  • Финансирање на проекти на граѓански организации наменети за промоција на младинско претприемништво и меѓуетничка соработка.

Агенда

(09:45 – 10:00) Регистрација 

(10:00 – 10:15) Поздравен говор 

(10:15 – 11:00) Презентација на проектните активности и очекувани резултати

(11:00 – 12:00) Коктел

Датум: 29ти февруари 2016 година

Локација: Скопски Саем, Дипломатик Сала


Пријавување за учество на е-маил aleksandar.filiposki@yes.org.mk или на телефон 02 3108 891 најдоцна до 26ти февруари 2016 година.



Проектот е имплементиран од: