Skip Navigation LinksПочетна / Медиа / Детали за новост

Мултиетничка истражувачка студија за младинско претприемништво

12.05.2016

Европскиот проект „Заедно за успех: млади претприемачи, движечка сила за добри меѓуетнички односи“ најавува спроведување на истражувачка студија за младинско претприемништво која ќе се реализира до крајот на мај 2016 година. Истражувањето го спроведуваат Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Институт за социолошки и политичко-правни истражувања и Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување.


Млади претприемачи можат да земат учество во истражувањето преку пополнување на прашалникот на еден од линковите подолу (на македонски и албански јазик) со што ќе придонесат за подобро разбирање на специфичните ограничувања и потреби на младите кои управуваат со сопствен бизнис и ќе помогнат за понатамошното развивање на политики и препораки, кои ефективно ќе ги подобрат условите за младинско претприемништво.

 

Прашалник на македонски јазик: https://www.surveymonkey.com/r/BWCXJ6G
Прашалник на албански јазик: https://www.surveymonkey.com/r/9PKL9NQ

 

Преку резултатите од истражувањето ќе се утврдуваат и разликите и заедничките потреби на младите претприемачи од различните етнички заедници во Република Македонија.

 

Прашалникот се спроведува на целата територија на Република Македонија. Учеството е доброволно, а сите споделени информации – анонимни.