Skip Navigation LinksПочетна / Медиа / Детали за новост

Оглас за вработување како управител на кол центар

28.06.2016

Теледискоунт Дооел Скопје е кол центар кој се занимава со маркетинг услуги и врши продажба на производи на природна база. Отворена е работна позиција: управител – менаџер.

 

Опис на задачите:

-          Административни работи и координација во зависност од потребите на кол центарот;

-          Контрола на квалитет и контрола на ефикасност на операторите;

-          Анализа на статистички податоци и изготвување на извештаи;

-          Организација на внатрешна комуникација во кол центарот;

-          Почитување на стандардите на компанијата.

 

Потребни квалификации:

-          Одлично познавање на англиски јазик (пожелно и руски);

-          Работа со компјутери (word, excel);

-          Работа под притисок;

-          Аналитички ум;

-          Искуство како раководител;

-          Искуство со деловна комуникација и поднесување на извештаи;

-          Адаптација кон различни побарувања.

 

Испратете ја вашата биографија (CV) на англиски најдоцна до 08.07.2016 на е-маил: a.gavrikov@calleraltd.com.