Skip Navigation LinksПочетна / Медиа / Детали за новост

Повик за ангажирање обучувачи за одржување обуки

14.07.2016

Фондација Претприемачки Сервис за Млади во рамки на проектот „Заедно за успех: млади претприемачи, движечка сила за добри меѓуетнички односи“, финансиран од Европската Унија, има потреба од 2 обучувачи за одржување обуки на следниве теми:


1 (еден) обучувач за обука „Градење на претприемачки капацитети“ на следните индикативни предлог теми:

 

  • Вовед во претприемништвото, предности и предизвици
  • Мотивација и лидерство
  • Финансирање на малиот бизнис
  • Менаџирање со човечки ресурси
  • Продажба и промоција

 

1 (еден) обучувач за обука „Застапување и развој на вештини за меѓуетничка соработка“ на следните индикативни предлог теми:

 

  • Вештини за организирано застапување
  • Бариери за организирано застапување
  • Организирано застапување пред креатори на политики
  • Здружување со претприемачи од други етнички заедници

 

*** Предложените теми се понудени како насока за потенцијално избраните обучувачи. Програмата треба да биде изработена согласно заклучоците од Мултиетничка истражувачка студија за младинско претприемништво која е достапна на следниов линк https://goo.gl/DvNMEP

 

При аплицирањето кандидатите треба да достават:

  • Биографија (CV)
  • Листа на референци (листа од организации со кои претходно е работено на соодветната тематика)
  • Предлог програма за одржување на обуката (теоретски и практичен дел)
  • Цена на чинење на услугата (бруто сума со вклучен персонален данок) по ден за вкупно 5 дена

 

Апликаните треба да достават комплетна понуда со сите барани документи на е-маил aleksandar.filiposki@yes.org.mk најдоцна до 1ви август 2016 година до 12:00 часот со назнака за која обука аплицираат. Некомплетни понуди или понуди испратени по предвидениот рок нема да бидат земени предвид.

 

Во прилог на овој повик Ви го доставуваме следниов документ за детални насоки: 


Повик за ангажирање обучувачи за ангажирање обуки