Skip Navigation LinksПочетна / Медиа / Детали за новост

Отворен повик за учесници на младински претприемачи камп

09.08.2016

 

Датум: 14-16 септември, 2016 година
Локација: Хотел Бистра, Маврово

Официјален јазик: македонски


Фондација за Претприемачки Сервис за Млади во рамки на проектот „Заедно за успех: млади претприемачи, движечка сила за добри меѓуетнички односи“, финансиран од Европската Унија, во периодот од 14-16 септември во Маврово организира мултиетнички младински претприемачки камп за млади претприемачи.

 

Претприемачкиот камп има за цел да придонесе кон зголемување на знаењето и вештините на избраните млади претприемачи за тоа како успешно да раководат со сопствениот бизнис и како да остварат иден понатамошен раст и развој преку воспоставување на стратешки партнерства со претставници на граѓански организации и општини. Програмата на кампот ќе опфати теми за развој на претпримачки капацитети (одржливост на бизнис модел, потрошувачи, комуникација, институционална соработка и сл.) и теми за градење на капацитети за застапување и лобирање (дефинирање на проблем, дефинирање на цел, креирање ефикасна порака, креирање мрежи и коалиции, креатори на политики и сл.). 

 

АГЕНДА

  

Среда, 14 септември 2016

11:00 – 12:00

Регистрација на учесници

12:00 – 12:15

Поздравен говор од организаторот

 

БЛОК 1

12:15  – 13:45

Тема 1: Од идеја до реализација

Тема 2Дизајн на претприемачки процес

13:45 – 14:45

Пауза за ручек

 

БЛОК 2

14:45 – 16:15

Тема 3Креирање на идеален потрошувач

Тема 4Канали на дистрибуција  

 

БЛОК 3

16:1517:45

Тема 5Одржливост на бизнис модел

Тема 6Управување со преминот од стартап до вистинска компанија

Четврток, 15 септември 2016

 

БЛОК 4

09:30 – 11:00

Тема 7Канали со комуникација

Тема 8Институционална соработка

 

БЛОК 5

11:00 – 14:00

Тема 9: Организирано застапување пред креатори на политки

14:00 – 15:00

Пауза за ручек

 

БЛОК 6

16:00 – 17:30

Тема 9: Организирано застапување пред креатори на политки (продолжува)

Петок, 16 септември 2016

 

БЛОК 7

09:30 – 11:00

Тема 10: Вмрежување

11:00 – 11:30

Затворање на обуката  

 

БЛОК 8

12:00 – 15:00

Посета на културни знаменитости

15:00 – 16:00

Ручек

 

 * Програмата на кампот е поделена во блок сесии. Паузи ќе бидат организирани по потреба за време на сесиите.

 

Детали за учество
Учеството на претприемачкиот камп не се наплаќа. Трошоците за сместување во еднокреветна соба (на 14-16 септември), патување (во висина на автобуска карта) и храна ќе бидат покриени од страна на организаторот.

 

Право на учество
Сопственици на компанија без ограничување на индустриската област.  

 

Процес на аплицирање
Сите заинтересирани треба да ја пополнат следната
форма за регистрација и да ја испратат на е-мејл aleksandar.filiposki@yes.org.mk најдоцна до 31август. Бројот на учесници е ограничен на 25!