Skip Navigation LinksПочетна / Медиа / Детали за новост

Оглас за пракса со идно вработување

29.08.2016

Компанијата xSoft има потреба од проширување на тимот. Потребен е нов практикант, со вработување по завршената обука, кој ќе работи на задачи поврзани со нашата Вебстриан платформа (www.webstrian.mk) и на задачи поврзани со фронт-енд програмирање.
 

Потребен е профил на личност која знае да размислува проактивно, сака да стекнува нови вештини и знаења и преку тимска работа да го даде својот придонес во насока на постигнување на целите на компанијата.
Се нуди можност за одлични услови за работа и професионална надоградба.
 

Потребни квалификации:
- Основни познавања од областа на .NET технологииите за веб програмирање: C#, ASP.NET, HTML5, Java Script, CSS3, jQuery, Bootstrap;
- Основни познавања од областа на бази на податоци: Transact SQL, MS SQL Server 2008/2012;
- Солидно познавање на англиски јазик.
 

Опис на работно место:
- Организирана работа во тим;
- Front-end девелопмент (HTML5, CSS3, Java Script, Bootstrap)
- Развој и поставување на веб-сајтови на Вебстриан платформата
- Комуникација со клиенти;
- Сите заинтересирани можат да ги достават своите CV-ија на  xsoft@xsoft.mk.