Skip Navigation LinksПочетна / Медиа / Детали за новост

Национална конференција:„Градење култура на соживот“

10.10.2016

НАЦИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА

„Градење култура на соживот: соработка помеѓу граѓанските организации и локалната самоуправа како фактор за развој на меѓуетничкиот дијалог

18ти Октомври 2016, Скопски Саем – Бизнис Сала, Скопје


Конференцијата ќе биде отворен форум за дијалог помеѓу грантистите, локалната самоуправа и останатите чинители кои работат на полето на меѓуетничките односи. Грантистите се од Програма на ИПА за поддршка на граѓанското општество и медиумите за 2014 година, Приоритет 3: Промоција на подобрување на односите помеѓу заедниците. Главната цел на Конференцијата е промовирање дискусија, градење синергија и подигнување на свеста за добрата пракса во поттикнувањето на соработката помеѓу заедниците.

 

Проектни штандови ќе бидат поставени на местото на оддржување на конференцијта од 8те корисници на грантови со цел да ја презентираат нивната работа и резултатите од проектните активности.

 

Работни јазици: Македонски, Албански и Англиски

 


Агенда

09:30 – 10:00 Регистрација
10:00 – 10:30 Воведни напомени

 

  • Г-дин Самуел Жбогар, Шеф на делегацијата на Европската Унија
  • Претставник од Секретаријатот за имплементација на Охридскиот Рамковен Договор –СИОФА
  • Г-ѓа Весна Бабиќ Петровски, Директор на Агенцијата за остварување на правата на заедниците
  • Г-дин Александар Филиповски, Проект Координатор, Фондација Претприемачки Сервис за Млади

 


10:30 – 11:30 Состојбата со мултикултурните политики и практики
Модератор: Г-ѓа Моника Велјаноска, Проект Координаторка, АДИ Гостивар


  • Оценка на напредокот во спроведувањето на локалните стратегии и политики за интеграција на етничките заедници и меѓу-етничките односите
    Г-ѓа Моника Велјаноска, Проект Координаторка, Асоцијација за Демократски Иницијативи, Гостивар
  • Граѓанскиот сектор и Агенцијата за остварување на правата на заедниците
    Г-ѓа Софија Граовац, АОПЗ
  • Меѓуетничка истражувачка студија за младинско претприемништво
    Фондација Претприемачки Сервис за Млади


11:30 – 12:00 Кафе пауза



12:00- 13:30 Панел 1: Општествено-културни карактеристики на општините и развитокот на меѓу-етничките односи
Модератор: Г-дин Гоце Богоевски, Проект Менаџер, ЦОСВ Прилеп


Урбана мултиетничка општина
- Г-дин Невзат Бејта, Градоначалник на општина Гостивар

 Рурална мултиетничка општина
-Г-дин Мукрем Мемеди, Градоначалник на општина Маврово-Ростуше

Урбана претежно моно-етничка општина
- Г-дин Марјан Ристески, Градоначалник на општина Прилеп (да се потврди)

Рурална претежно моно-етничка општина
-Г-дин Садула Дураку, Градоначалник на општина Липково

 


13:30 – 14:30 Ручек

 

14:30 – 15:30 Панел 2: Граѓанскиот сектор како про-активен чинител во поддршката на меѓу-етничкиот соживот
Модератор: Г-ѓа Дијана Стојановќ Ѓорѓевиќ, Проект Менаџерка, Фондација Жена за Жена, Скопје


Функцијата на Комисиите за односи меѓу заедниците (КОМЗ)
Г-ѓа Виолета Петровска, Претседателка на ОЖ Кумановка

Инклузија на малцинските заедници

Г-дин Михаил Готовски, Национален Ромски Центар, Куманово

Мулти-културализмот и интер-културализмот во образовниот процес
Г-дин Горан Талески, Мировна Акција

 


15:30 – 16:30 Завршна Сесија : Препораки и Заклучоци
Г-ѓа Јасминка Поповска - Локална Агенција за развој, Струга