Skip Navigation LinksПочетна / Медиа / Детали за новост

Повик за грантови за граѓански организации

05.12.2016

ПОВИК ЗА ГРАНТОВИ ЗА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ

 објавен во рамки на проектот „Заедно за успех: млади претприемачи, движечка сила за добри меѓуетнички односи” финансиран од Европската Унија

 

Грантовата шема во рамките на проектот „Заедно за успех“ се фокусира на зајакнување на соработката меѓу целните групи на проектот (граѓански организации, млади претприемачи и единици за локална самоуправа) на локално ниво со цел промовирање на младинското претприемништво, со посебен акцент на немнозинските групи во општеството, како заедничка платформа за унапредување на меѓуетничките односи. Како основа за идентификување на темите земени се Акцискиот план на Мрежата за поддршка на младинското претприемништво (Приоритетна област 4: Стимулирање и поддршка на претприемништвото кај младите од немнозинските етнички групи), како и препораките од Мултиетничката истражувачка студија за младинско претприемништво.


Приоритетни теми
1. Подобрување на условите за развој на претприемништвото
2. Интегрирање на претприемачи од немнозински етнички заедници во програми за поддршка и вмрежување

 

Вкупен фонд и големина на грант
Грантовата шема има вкупен фонд од 2.882.271 денари, додека пак максималниот износ по поединечен грант е 320.252 денари. Грантовата шема е отворена за граѓански организации, при што во истата ќе бидат вклучени најмалку 18 граѓански организации.

 

Времетраење на проектите
Предлог-проектите треба да бидат со максимално времетраење од 6 месеци и да се имплементираат во периодот март – август 2017 година.

 

Критериуми за апликанти
Право на учество на повикот како апликанти имаат граѓански организации кои:

  • се регистрирани како здруженија или форми на нивно здружување согласно Законот за здруженија и фондации,
  • се основани најмалку две (2) години од датумот на објавување на овој повик, - имаат спроведено активности во областа на младинското претприемништво или економско јакнење на младите лица,
  • имаат организациски капацитет,
  • се одговорни за подготовка и менаџирање на проектната активност

 

Апликантот треба да го имплементира предлог-проектот во соработка со најмалку 1 (еден) ко-апликант кој мора да ги исполнува истите критериуми како горенаведените услови за апликантот. Граѓанската организација ко-апликант треба да е активна на полето на унапредување на меѓуетничките односи и/или да обезбедува поддршка на млади претприемачи од етничка заедница различна од онаа што ја адресира апликантот.

 

Поднесување на апликации
Апликациониот пакет се доставува само по електронски пат на адресата: info@yes.org.mk. Рокот за доставување е 20.01.2017 година. Апликациите испратени после предвидениот рок нема да бидат прифатени.

 

Инфо денови
Скопје – 13 декември
Тетово – 15 декември
Битола – 19 декември
Штип – 20 декември

Пријава на следниов линк https://goo.gl/SA9Kly

 

Документи за преземање