Skip Navigation LinksПочетна / Медиа / Детали за новост

ПСМ Фондација на Денови на образование и кариера 06-08 април 2017

12.04.2017

Фондацијата за Претприемачки сервис за млади (ПСМ Фондација) ги претстави своите тековни активности и проекти, отворени можности за младите луѓе, како и палетата услуги на ПСМ бизнис инкубаторот за време на 20-тите меѓународни Денови на образование и кариера 2017, од 6-ти до 8-ми април 2017, на Скопски саем.

 

На штандот на ПСМ Фондација на овогодинешните Денови на образование и кариера 2017 беше промовиран и проектот T-Mail, преку кој се изработува мобилна апликација за иновативно учење на наставници, која ќе биде достапна и на македонски јазик.

 

Наставниците, професорите и нивните ученици и студенти во текот на трите дена неуморно ја истражуваа понудата на отворени можности, а за сите оние кои немаа можност да не посетат на Скопскиот саем, повеќе детали за проектот T-Mail може да се пронајдат и на www.tmailproject.eu.

 

За да ги добивате редовно информациите за сите новости и отворени можности од ПСМ Фондација, регистрирајте се и на: http://yes.org.mk/Register.aspx?r=6&l=63&c=22