Skip Navigation LinksПочетна / Медиа / Детали за новост

Посета на ПСМ Фондација на третата ЕдуКонференција 2017

12.04.2017

Со цел запознавање и промоција на можностите кои ги нуди проектот T-Mail, меѓу кои иновативната мобилна апликација за наставници од основното образование (повеќе на www.tmailproject.eu), претставник на ПСМ Фондација ја посети третата ЕдуКонференција #EduConference2017 во организација на Friends of Education, која се одржа на 8-ми и 9-ти април 2017 во Струга.

 

Конференцијата беше во знакот на поврзување на дигиталните технологии и образованието и како врската може да го унапреди процесот на интегрирано е-учење (e-learning). Панелот на интернационални експерти од областа на образованието и интегрирање на дигиталните технологии дискутираше за унапредување на едукативниот процес, ефектите врз економијата и споделување развојни идеи.

 

Учесниците на третата ЕдуКонференција 2017 во најголем дел беа учители од основното образование и информатичари од цела Македонија. Запознавањето со мастерот на церемонијата, г-а Марина Василева, го означи почетокот на разговорите за идна соработка меѓу двете организации, Friends of Education и ПСМ Фондација, за дисеминација на можностите кои ги нуди проектот T-Mail, меѓу кои иновативната мобилна апликација за наставници од основното образование.