Апликант
|
Ко-апликант(и)
|
Име на проект
|
Регион
|
Здружение Национален центар за развој на иновации и претприемачко учење – Скопје
|
Здружение на мултиетничко општество за човекови права – Штип
|
Развој на компетенции за социјално претприемништво низ игра во Општина Штип
|
Источен (Општина Штип)
|
Главната цел на проектот е да се зајакнат способностите за вмрежување и соработката со локалната самоуправа и да се поттикне социјална инклузија на младите Роми преку интеграција со млади Македонци и иновативна едукација низ игра за социјално претприемништво. Проектот предвидува работилница за градење на капацитетите на граѓанските организации, обука за социјално претприемништво низ метод на игра и настан за вмрежување.
|
Здружение на граѓани Асоцијација за правно-економски истражувања и едукација „Јуридика“ – Скопје
|
Центар за ромска заедница „ДРОМ“ – Куманово
|
Успешни во единство
|
Скопски (Општина Гази Баба, Општина Бутел и Општина Ѓорче Петров)
|
Главната цел на проектот е да се придонесе кон градење на свеста на младите претприемачи за потребата од групно застапување на нивните ставови и барања пред креаторите на политики на локално и национално ниво. Главни активности на проектот се спроведување анализа на поддршката која младите претприемачи ја добиваат на локално ниво во Општините Гази Баба, Бутел и Ѓорче Петров, изготвување студија за организирано застапување на младите претприемачи, организирање настани за вмрежување со бизнис секторот како и изготвување на програма за следење и менторирање на млади во процесот на застапување.
|
Здружение за рурален развој Локална акциона група Агро Лидер – Кривогаштани
|
Здружение на граѓани Хуманост кон младите – с. Десово, Долнени
|
Општинска стратегија за млади претприемачи од немнозински етнички заедници
|
Пелагониски (Општина Долнени)
|
Главната цел на проектот е подобрување на условите за развој на претприемништво во Општина Долени преку развој на локална општинска стратегија за младинско претприемништво. Проектот исто така предвидува и јакнење на капацитетите на потенцијални идни претприемачи од немнозински етнички заедници и на граѓански организации на локално ниво.
|
Организација на жените Турчкинки од Македонија „Дерја“ – Скопје
|
Граѓанско здружение за унапредување на образованието кај Ромската популација „Ирхом Топаана“ – Скопје
|
Креирање на политики за
претприемништво кај
младите од
немнозинските заедници
во Општина Чаир
|
Скопски (Општина Чаир)
|
Главната цел на проектот е да се придонесе кон подобрување на вработеноста и поддршка на претприемништвото во Општина Чаир кај жените од немнозински етнички групи преку организирање на обуки и работилници за јакнење на капцитетите и настани за вмрежување.
|
Младински културен центар – Битола
|
Центар за развој на ромската заедница „Баирска светлина“ – Битола
|
Активно учество во намалување на младинската невработеност кај Ромите
|
Пелагониски (Општина Битола)
|
Главната цел на проектот е поттикнување на институционална соработка помеѓу граѓанските организации и локалните власти на полето на младинската невработеност кај млади од немнозински етнички групи. Проектот предвидува зголемување на активно граѓанско учество во планирање и креирање на локални политики и локални стратешки документи. Како главни активности на проектот се издвојуваат креирање на локална стратегија за намалување на младинската невработеност кај Ромите преку претприемништво, спроведување на истражување и креирање на меѓусекторска работна група.
|
Здружение за рурален развој „Јавор“ – Зрновци
|
Здружение на производители и потрошувачи на органски производи „Овчеполски еко производи“ – с. Мустафино
и
Здружение на граѓани „Подобра иднина“ – Пробиштип
|
Заедно сме посилни
|
Источен (Општина Зрновци, Општина Свети Николе и Општина Пробиштип)
|
Главната цел на проектот е јакнење на претприемништвото кај младите лица од ромска, турска и влашка националност во руралните средини во општините Зрновци, Св. Николе и Пробиштип. Специфични активности кои ќе бидат спроведени во рамки на проектот се организирање обуки за млади лица за отпочнување сопствен бизнис, воспоставување на 6 фокус фарми кај потенцијални претприемачи за извршување на теоретска и практична обука за пластеничко производство на органска храна, вмрежување на производители и бизнис секторот од целните општини како и јакнење на институционалниот капацитет на организациите партнери во проектот.
|
Здружение на бизнис жени – Скопје
|
Здружение за развој и интеграција на млади Роми и Ромки „Преродба“ – Кичево
|
Економска инклузија на младите Ромки во Општина Кичево
|
Југозападен (Општина Кичево)
|
Главната цел на проектот е јакнење на капацитетите и економската инклузија на младите Ромки преку обуки, советување и менторство, вмрежување на младите ромки претприемачи меѓусебно и со претприемачи од други етнички заедници како и воспоставување на соработка и мрежа за поддршка и менторство со бизнис секторот. Проектот исто така предвидува и квантитативно и квалитативно истражување на потребите на целната група, таргетирани обуки и работилници, поврзување на младите Ромки со институции, граѓански организации и бизнис секторот, преку мрежа за соработка, поддршка и менторство.
|
Здружение на граѓани за развој на демократија – Иницијатива за европска перспектива
|
Здружение на граѓани „Агора“ Центар за промоција на граѓански вредности
|
Развој на потенцијали за
младинско
претприемништво преку
меѓуетничка соработка
на локално ниво
|
Полошки (Општина Брвеница и Општина Врапчиште)
|
Главната цел на проектот е зајакнување на социјалната и економската вклученост и развој на мултикултурна и мултиетничка демократија помеѓу младите од различни етнички заедници во Општина Брвеница и Општина Врапчиште. Проектот предвидува работилница за претприемништво и мерки за вработување наменета за млади лица, изготвување на документи за подобрување на ЛЕР стратегиите на двете општини, менторство и консултативни средби за водење бизнис.
|
Асоцијација за едукација Младиинфо Интернационал – Скопје
|
Здружение Институт за меѓународни и политички студии – Скопје
|
Solve it! – Школа за социјално претприемништво
|
Скопски (Општина Гази Баба и Општина Чаир)
|
Главната цел на проектот е да се унапреди знаењето и вештините на младите идни социјални претприемачи, кои доаѓаат од различни етнички заедници, со акцент на немнозинските претприемачи, на територија на Општините Чаир и Гази Баба преку вмрежување, взаемно неформално учење и градење на капацитетите на граѓанските организации и локалните самоуправи. Во рамки на проектот ќе се спроведе Solve it! - Школа за социјално претприемништво со 15 ученици, ќе се реализираат 7 работилници за социјално претприемништво, обука за развој на вештини за вмрежување меѓу невладини организации, бизнис сектор и јавни институции, а ќе бидат аплицирани и 3 идеи на Social Impact Award – Наградата за социјално претприемништво.
|
ЗИП Институт за политики и добро владеење – Скопје
|
Здружение на граѓани Институт за истражување на политики и добро владеење
|
Здружени – Различни – Претприемачи
|
Скопски (Општина Ѓорче Петров и Општина Сарај)
|
Главната цел на проектот е вмрежување на средношколци и чираци преку креирање на мрежа од млади претприемачи, обуки за водење бизнис и реализирање на бизнис план натпревар. Проектот предвидува изработка на смартфон апликација со профили на претприемачи, обуки, студиски посети, субвенционирање на регистрација на најдобар бизнис план и брендирање на 2 иновативни бизниси/занаети.
|