Skip Navigation LinksПочетна / Медиа / Детали за новост

Успешна реализација на завршната конференција за проектот “Градење на локални капацитети за креирање

17.05.2017

 

На 10-ти мај (среда), со почеток од 12.00ч, во Дом на културата во Пробиштип се одржа завршна конференција за проектот “Градење на локални капацитети за креирање на младински политики” кој е финансиран од Европската унија. Конференцијата беше насловена “Мерки за поддршка на млади на локално ниво – успешни локални прикази”.

На конференцијата учествуваа вкупно 60 учесници - 30 претставници од граѓанскиот сектор, 10 претставници од Општините, 16 млади луѓе, 2 претставници на институции. На конференцијата учествуваа и 2 претставници налокалните медиуми за кои проектниот менаџер даде изјави.

Целта на конференцијата беше да се презентираат резултатите од проектот и најдобрите практики од пилотираните мерки во областа на младинските политики на локално ниво, а спроведени во трите општини Пробиштип, Чашка и Старо Нагоричане. 
Преку финансирање со мали грантови (вкупен фонд од 18.000 евра) се поддржаа 6 локални проекти на 6 граѓански организации, по 2 проекти спроведени во секоја од трите целни општини. Спроведените проекти придонесоа за зајакнување на капшацитетите на граѓанските организации, јакнење на соработката помеѓу граѓанските организации и локалните власти, и подобрување на социо-економската положба на младите од овие општини.

Дополнително, како дел од конференцијата се одржа и тркалезна маса на тема “Соработката помеѓу граѓанските организации и локалните власти со цел вклучување на младите на пазарот на труд”.
Конференцијата и презентираните теми за време на настанот успешно беа реализирани. Присутните релевантни стејкхолдери - млади луѓе, лидери, граѓански организации и претставници од Општините, зедоа активно учествуво на завршната конференција и споделија мислења за активните проблеми и потреби со кои се соочуваат.

Во рамки на осумнаесет месечна програма, од месец ноември 2015 до месец мај 2017, проектот „Градење на локални капацитети за креирање на младински политики“ заеднички го имплементираа партнерските организации ПСМ Фондација и Фондација Евро Центар.