Skip Navigation LinksПочетна / Медиа / Детали за новост

Промоција на tMAIL мобилната апликација за само-регулирано учење

29.09.2017

 ПСМ Фондација во соработка со асоцијацијата Пријатели на образованието на 20ти септември организираше промотивен и нетворкинг настан во Скопје на кој учествуваа наставници од различни основни училишта од Македонија како и претставници од Министерството за образовани и наука и Бирото за развој на образованието на Република Македонија.

 

Учесниците имаа можност одблиску да се запознаат со мобилната апликација за само-регулирано учење наменета за наставници од основното образование, а која е развиена во рамките на европскиот проект tMAIL, ко-финансиран од програмата Еразмус+. ПСМ Фондација како партнер на проектот на присутните им ги презентираше функционалностите и придобивките од користењето на апликацијата во процесот на континуиран професионален развој на наставниот кадар. Претставникот на Бирото за развој на образованието на Република Македонија во своето обраќање ја потенцираше улогата на новите технолошки методи врз дидактиката во образованието, додека пак асоцијацијата Пријатели на образованиетосподели практични искуства од примената на ИКТ во тековната настава. Настанот беше заокружен со дискусија и вмрежување помеѓу учесниците при што сите присутни се согласија дека примената нови технологии, вклучувајќи ги и мобилните апликации, придонесува кон зголемувањето на квалитетот на образованието, но дека истите мора да запазат бројни барања од дидактички аспект, како што е направено во случајот на tMAIL мобилната апликација.


Мобилната апликација е бесплатна, а нејзината прва верзија може да се симне од следниот линк: http://www.tmailproject.eu/results/tmail-app/download/. Од крајот на месец октомври 2017та година истата се очекува да биде достапна и на македонски јазик.