Skip Navigation LinksПочетна / Медиа / Детали за новост

tMAIL апликацијата достапна и на македонски јазик

25.10.2017

Првата бесплатна мобилна апликација за професионален развој на наставниците во областа на саморегулираното учење, сега е достапна и на македонски јазик. Напредната алатка која ја стимулира автономијата на учениците во образовниот процес, е наменета за употреба од наставниците во основното образование е клучен резултат на проектот tMAIL, финансиран преку програмата Еразмус+ на Европската унија.

 

Мобилната апликација е прилагодена на индивидуалните потреби и интереси и содржи повеќе од 30 кратки курсеви и интерактивни вежби. Може да се користат повеќе опции, меѓу кои дневник на учење и активно следење напредокот во учењето. Апликацијата остварува одличен придонес кон унапредувањето на професионалниот развој на наставниците во основното образование и веќе се употребува во повеќе земји членки на Европската унија.

 

За сите заинтересирани, апликацијата може да се најде на еден од следните линкови:


https://itunes.apple.com/us/app/tmail/id1200794336?mt=8

 

https://play.google.com/store/apps/details?id=com.kidimedia.tMAIL

 

 

Повеќе за проектот tMAIL може да прочитате и на официјалната веб страница:

 

http://www.tmailproject.eu/