Skip Navigation LinksПочетна / Медиа / Детали за новост

ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ГРАНТОВИ НА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ

10.11.2017

ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ГРАНТОВИ НА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ

од областа на преговарачкото поглавје 20 за членство
во ЕУ – Претпријатија и индустриска политика
 
Грантовата шема има за цел да обезбеди поддршка на активностите на граѓанските организации вклучени во различни аспекти од Поглавје 20 (унапредување на деловен амбиент, поддршка на МСП и иновации, пристап до финансии, секторски политики, странски инвестиции, кластеринг, и слично). Преку имплементација на грантовата шема, целта е да се придонесе кон зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за креирање и следење на политики и за поддршка на реформите во Поглавје 20, како и да се промовираат нови пристапи, механизми и инструменти од областа на претприемништвото и индустријата на локално и национално ниво. Воедно, ќе се придонесе кон зголемувањето на свеста за важноста на Поглавје 20 во процесот на пристапување кон ЕУ.

Грантовата шема се реализира во рамки на проектот:„Јакнење на капацитетите и механизмите за поддршка на реформскиот процес на Поглавје 20 (YESNetwork+)“, финансиран од Европската Унија преку ИПА програмата за поддршка на граѓанското општество и медиуми 2015.
 
Приоритетни области:
 
а) Принципи на Претпријатија и индустриска политика
           - Приоритет 1: Подобрување на деловната клима за креирање на нови                           бизниси
            - Приоритет 2: Подобрување на дијалогот со бизнис заедницата 
б) Инструменти на Претпријатија и индустриска политика
            - Приоритет 3: Подобрување на конкурентноста и иновативноста на МСП
            - Приоритет 4: Обезбедување подобар пристап на МСП до финансиски услуги
в) Секторски политики
            - Приоритет 5: Анализа на специфични сектори
            - Приоритет 6: Унапредување на капацитетите за креирање, имплементација                 и следење на програмите за туризам
 
Финансиска рамка на повикот
Грантовата шема има вкупен фонд од 3.688.866 денари (60.000 евра). Максималниот износ за грант спроведуван на локално ниво изнесува 307.405 денари, а за грант спроведуван на национално ниво изнесува 614.811 денари. Најмалку 8 проекти ќе бидат поддржани преку грантовата шема (4 на локално ниво и 4 на национално ниво).
 
Поднесување на апликации
Апликациониот пакет се доставува само по електронски пат на адресата: info@yes.org.mk 
Рокот за доставување е 04.12.2017 година. Апликациите испратени после предвидениот рок нема да бидат прифатени.
 
Информативна сесија
За заинтересираните кандидати, ќе биде организирана информативна сесија „Инфо ден“ за овој повик, на 15-ти ноември, во хотел Бест Вестерн во Скопје, со почеток од 12.00 часот.
Пријавување за „Инфо ден“ на следниот линк https://goo.gl/31rbc1

Документи за преземање 
 

 


 
За дополнителни информации може да се обратите на info@yes.org.mk или 02 3108 891.