Skip Navigation LinksПочетна / Медиа / Детали за новост

Завршна конференција на проектот „Заедно за успех“

28.11.2017

 

На 19ти декември со почеток во 11 часот во хотел Холидеј Ин во Скопје (сала Милениум 2) ќе се одржи завршната конференција на проектот „Заедно за успех: млади претприемач, движечка сила за добри меѓуетнички односи“, финансиран од Европска Унија.

 

Проектот кој започна со имплементација во февруари 2016 година придонесе кон развојот на мултикултурната демократија и стабилност преку унапредување на капацитетите на младинските граѓански организации и младите претприемачи од различни етнички заедници. Дел од реализираните активности се состоеа од: спроведена мултиетничка студија за младинско претприемништво која ги истражи потребите за поддршка, меѓуетничко вмрежување и претприемачка мотивација на млади претприемачки од различни етнички групи; организација на 3 мултиетнички кампови за младинско претприемништво каде учество земаа млади претприемачи, граѓански организации и претставници од единиците на локалната самоуправа; финансирани 9 локални акции реализирани од граѓански организации; реализирана промотивната кампања „И јас сум претприемач“ проследена со организација на 6 настани и креирање на документарно видео.

 

Завршната конференција ќе ги собере заедно сите партнери на проектот кои во текот на изминатите две години работеа на реализирањето на предвидените активности со цел да ги споделат и оценат резултатите од целиот проект. Учеството на конференцијата е отворено за сите заинтересирани кои имаат интерес од областите на младинското претприемништво и меѓуетничките односи.

 

За да се пријавите потребно е да ја пополните следнава форма најдоцна до 8ми декември https://goo.gl/yP1q86

 

АГЕНДА

 

10:30 – 11:00 Регистрација на учесници

11:00 – 11:20 Поздравен говор, презентација на резултатите од проектот

11:20 – 11:40 Прикажување на документарно видео од кампањата „И јас сум претприемач“

11:40 – 13:10 Презентација на резултатите од финансираните локални акции на граѓански организации 

  • Развој на компетенции за социјално претприемништво низ игра во Општина Штип (Здружение Национален центар за развој на иновации и претприемачко учење – Скопје)
  • Успешни во единство (Здружение на граѓани Асоцијација за правно-економски истражувања и едукација „Јуридика“ – Скопје
  • Општинска стратегија за млади претприемачи од немнозински етнички заедници (Здружение за рурален развој Локална акциона група Агро Лидер – Кривогаштани)
  • Креирање на политики за претприемништво кај младите од немнозинските заедници во Општина Чаир (Организација на жените Турчкинки од Македонија „Дерја“ – Скопје)
  • Активно учество во намалување на младинската невработеност кај Ромите (Младински културен центар – Битола)
  • Заедно сме посилни (Здружение за рурален развој „Јавор“ – Зрновци)
  • Економска инклузија на младите Ромки во Општина Кичево (Здружение на бизнис жени – Скопје)
  • Развој на потенцијали за младинско претприемништво преку меѓуетничка соработка на локално ниво (Здружение на граѓани за развој на демократија – Иницијатива за европска перспектива)
  • Solve it! – Школа за социјално претприемништво (Асоцијација за едукација Младиинфо Интернационал – Скопје

13:10 – 13:30 Отворена дискусија

13:30 – 14:30 Коктел

Проектот е имплементиран од: