Skip Navigation LinksПочетна / Медиа / Детали за новост

Balkan Technology Match - 7 и 8 јуни, Скопје

03.05.2018

 

 
 BALKAN TECHNOLOGY MATCH

Датум на конференција: 7 и 8 јуни 2018
Локација: Стопанска Комора на Македонија (5 кат, сала 4)
Краен рок за регистрација: 27 мај 2018

 


Enterprise Europe Network во Македонија ги поканува сите компании кои работат во областа на информациско комуникациските технологии да ја искористат можноста и да воспостават соработка со успешни компании од регионот на „Balkan Technology Match“ – дводневна конференција која ќе се одржи на 7 и 8 јуни во просториите на Стопанската Комора на Македонија во Скопје.


Богатата агенда на конференцијата ќе им овозможи на македонските компании од областа на информациско комуникациските технологии да воспостават соработка со компании од повеќе европски земји со цел проширување на своите активности и освојување нови пазари. Компаниите ќе имаат можност преку креирање на сопствен профил за соработка да закажат б2б средби со компании за потенцијална соработка. Исто така, настанот нуди можност иновативни компании како и потенцијални претприемачи со иновативна идеја да се презентираат пред акцелератор фондови со цел обезбедување финансиски средства за реализација на проектот.


На настанот се очекуваат компании од повеќе европски земји вклучувајќи ги Србија, Бугарија, Грција, Албанија, Црна Гора, Чешка, Полска, Босна и Херцеговина, Романија, Словенија, Хрватска и др.


Сите заинтересирани компании кои имаат намера да учествуваат треба да се пријават најдоцна до 27 мај на следниов линк http://balkan-tech-match.talkb2b.net/.
Учеството на настанот не се наплаќа.


Контакт лице 
Александар Филипоски
Email: aleksandar.filiposki@yes.org.mk
Телефон: +389 (0) 2 3108891

 

Настанот е поддржан од: