Skip Navigation LinksПочетна / Медиа / Детали за новост

Покана за јавна расправа: Дали постои поволна клима за развој на женско претприемништво?

29.05.2018

 

 

Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување во партнерство со Здружението на бизнис жени и ГТФ Иницијативата за одржлив развој од Хрватска Ве покануваат на настан – јавна расправа на тема: Дали постои поволна клима за развој на женско претприемништво?

 
Настанот е дел од проектот „Јакнење на придонесот и ефикасноста на граѓанските организации од женското претприемништво кон ЕУ интегративните реформи во областа на економската политика (We-Contribute)“. Јавната расправа ќе се одржи на 01 јуни 2018 година во Хотел Порта со почеток во 12:30 часот.
 
На настанот ќе бидат дискутирани теми кои се релевантни за женското претприемништво и што ги засега жените претприемачи структурирани во три дела:
 
Влада – Дали постои поволна клима за развој на женско претприемништво?
Финансии – Пристап до финансии и отворени програми за поддршка на претприемништво
Прашања – Кои се прашањата кои сакате да ги поставите до релевантни институции/Министерства кои се однесуваат на развојот на претприемништво?
Јавната расправа ќе поттикне дискусија помеѓу жените претприемачи од која ќе произлезат и прашања кои се битни за жените претприемачи во Македонија како и заклучоци за подобрување на овие тематики кои ќе бидат споделени до релевантните институции/Министерствa.
 
 АГЕНДА
 
12:30 – 13:00 Регистрација на учесниците
13:00 – 13:10 Отворање и воведно обраќање
13:10 – 14:15 Јавна расправа
14:15 – 14:30 Прашања и одговори
14:30 Коктел
 
Во прилог е линкот за пријавување на настанот: https://goo.gl/FU2FNB
 
 
Контакт лице: Емилија Андонова  emilija.andonova@mir.org.mk  02 3103 674
Би ни прeтставувало особено задоволство доколку ни се придружите на настанот.