Skip Navigation LinksПочетна / Медиа / Детали за новост

Повик за учество на тридневна работилница МСП Инструмент - Фаза 1

19.10.2018

Датум: 21, 22 и 23 ноември 2018 година
Локација: Хотел Тино Свети Стефан (Охрид)

 

Фондација Претприемачки Сервис за Млади во рамки на проектот „Јакнење на конкурентноста на малите и средни претпријатија преку подобрена поддршка за иновации“, финансиран од Европската Унија, објавува повик за мали и средни претпријатија за учество на тридневна работилница за подготовка на проектна апликација за европската програма за финансирање на мали и средни претпријатија МСП Инструмент (SME Instrument). Повеќе за SME Instrument програмата може да се информирате на следниов линк

https://ec.europa.eu/programmes/horizon2020/en/h2020-section/sme-instrument.

 

Работилницата е наменета за иновативни мали и средни претпријатија кои поседуваат амбиции и голем потенцијал за раст и ширење на странски пазари. Во рамки на тридневната работилница фокусот ќе биде ставен на Фаза 1 од програмата „Проценка на изводливост“. Финансиските средства кои се доделуваат во Фаза 1 (мак. €50.000) можат да се искористат за истражување и проценка на техничката изводливост и комерцијалниот потенцијал на иновацијата која компанијата има намера да ја комерцијализира. Активности кои подлежат на финансирање се проценка на ризик, истражување на пазар, интелектуална сопственост итн. Очекуваниот исход од проект финансиран во Фаза 1 е изработена физибилити студија вклучувајќи и бизнис план.

 

Право на учество
Право на учество на работилницата имаат мали и средни претпријатија со висок потенцијал за иновациска дејност со
функционален прототип од својата идеја.

 

Цели на работилницата
Учесниците на работилницата ќе имаат можност да се здобијат со практично знаење за програмата и критериумите за аплицирање. Во рамки на тридневната работилница учесниците ќе имаат можност да работат на подготовка на предлог апликација за Фаза 1 со драфтирање на потребните темплејти за аплицирање.

 

Агенда
Агендата ќе биде објавена дополнително.

 

Обучувач
Д-р. Анита Грозданов, редовен професор на Технолошко-металуршки факултет-Скопје (
Национално контакт лице за програмата Хоризонт 2020 од Република Македонија)

 

Процес на аплицирање
Сите заинтересирани компании треба да ја пополнат следната форма за регистрација најдоцна до 5 ноември 2018 година. На обуката може да учествува само еден претставник по компанија. Бројот на учесници е ограничен на 15.

 

Детали за учество
Учеството на обуката не се наплаќа. Сместување во еднокреветна соба во Хотел Тино Свети Стефан (2 ноќевања) како и трошоците за превоз ќе бидат покриени во рамки на проектот.

 

За било каква дополнитена информации пишете на aleksandar.filiposki@yes.org.mk.

 


Проектот е имплементиран од: