Skip Navigation LinksПочетна / Медиа / Детали за новост

Повик за учесници на онлајн школа за претприемништво

04.09.2019


 

ПСМ Фондација заедно со проектниот конзорциум во состав на проектот БалканМед ИННОВА отвораат повик за учесници на онлајн курсеви на Веб-школата за претприемништво и доживотно учење.
 
 
ДАЛИ СИ?
 
-    Млад човек, невработено лице или потенцијален претприемач кој сака да ги зголеми своите вештини за претприемништво и започнување на бизнис
-    Претприемач кој сака да го прошири својот бизнис/ бизнис активности, кој сака да ги подобри знаењето и вештините за претприемништво и да ја зголеми конкурентноста на компанијата
-    Мало или средно претпријатие
-    Дипломиран, надвор од пазарот на труд и сакаш да го надоградиш твоето академско знаење
-    Обучувач, млади истражувач, доктори на науки
 

ДАЛИ СИ ЗАИНТЕРЕСИРАН ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ТВОИТЕ ВЕШТИНИ ЗА ПРЕТПРИЕМНИШТВО ИЛИ ВО НЕКОЈ ОД СЛЕДНИТЕ СЕКТОРИ?
 
 -    ИКТ за мали и средни претпријатија, со модули како: основни бизнис вештини во дигиталната ера, основи на ИТ, Frontend web development, Backend web development, Безбедност и усогласеност со регулативите.
-    Туризам и културно наследство, со модули како: Менаџмент на туризам и културно наследство, Планирање и развој на туризам и културно наследство, Дигитално културно наследство, итн.
-    Енергија и животна средина, со модули како: Енергија, Општество и економија, Иднината на енергијата, Глобалниот бизнис со енергија, Иновативни методи и политики за проценка на загадување на воздухот.
-    Агробизнис, со модули како: Заштитни системи за одгледување храна, органско производство и сертификација, напредни технологии во преработка на храна.
-    Претприемничка култура и бизнис етика

 

 
Дополнително ќе те информираме по e-mail за пристап на курсевите за кои си заинтересиран. За успешно завршување на онлајн курсот, се добива и сертификат за учество. Курсевите се на англиски јазик.
Учесниците кои успешно ќе ја завршат школата за претприемништво ќе имаат можност да аплицираат за грант од 4000 евра, а повикот за истиот ќе биде објавен во наредниот период.

Повеќе информации на: www.balkanmed-innova.eu или на 02 3103 660.