Skip Navigation LinksПочетна / Медиа / Детали за новост

Започна имплементација на проектот „Креирање одржливи можности за претприемништво“

07.10.2019

 

Во септември 2019 год. започна имплементацијата на проектот „Креирање одржливи можности за претприемништво“, финансиран од Амбасадата на САД во Република Северна Македонија а во реализација на Фондација за Претприемачки Сервис за Млади (ПСМ).

Главната цел на проектот е да придонесе кон развојот на младинското претприемништво преку охрабрување и стимулирање на млади луѓе, особено жени од источните краеви на земјата да креираат иновативни бизнис идеи и отвараат нови бизниси, што  на подолг рок би резултирало со зацврстување на капацитетите на младите луѓе,  претприемачите како и целокупниот претприемачкиот потенцијал на земјата, креирање на одржлив економски развој,  повисока стапка на вработеност и помала имиграција.

Во рамките на проектот ќе бидат спроведени неколку активности наменети за млади луѓе на возраст од 18-30, со посебен фокус на жени:

 

  • Две 5-дневни работилници во Струмица и Штип, на тема како да се започне свој бизнис, распоредени во 5 модули: подготовка на бизнис план, пристап до финансии, правни регулации, маркетинг и продажба и социјално претприемништво;
  • 2-дневен бизнис предизвик каде учесниците во соработка со ментори ќе имаат можност да изработат бизнис планови за иновативни бизнис идеи и ги претстават пред стручно жири во борба за награда;
  • 3 најиновативни бизнис идеи кои ќе бидат избрани ќе добијат награда и можност за реализација на својот бизнис план/креирање свој бизнис;
  • Креирање онлајн курс за започнување свој бизнис и социјално претприемништво, кој ќе биде бесплатен и достапен за сите заинтересирани на платформата pretpriemacedu.mk;

 

Спроведените проектни активности се очекува да резултираат со зајакнување на капацитетите на повеќе од 100 млади луѓе и жени со практични вештини и знаења за водење (социјален) бизнис кои би биле корисни за раст и развој на сопствените бизниси. Покрај работилниците наменети за ограничен број на учесници, креираниот онлајн курс ќе биде извор на знаење кој ќе биде слободно достапен за користење и во иднина, на сите заинтересирани сегашни и идни претприемачи. Дополнително, победниците во бизнис предизвикот ќе имаат можност и поддршка за реализација на својата бизнис идеја.

Проектот „Креирање одржливи можности за претприемништво“ е финансиран од Амбасадата на САД во Република Северна Македонија преку програмата за мали грантови за демократија и ќе се спроведува во период од 12 месеци, од септември 2019 до септември 2020 година во источните делови на Македонија.
 
 Gift of the United States Government