Skip Navigation LinksПочетна / Медиа / Детали за новост

Брокерски настан ‘Match 4 Energy Waste Water’

07.10.2019

 

Enterprise Europe Network во Македонија & REECO International  го организираат Брокерскиот настан ‘Match 4 Energy Waste Water’  дел од Првиот Интернационален Саем и Конференција за обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност, отпад и вода  Renexpo® NMK.

Овој настан ќе се одржи во Хотел Александар Палас, Скопје на 03 и 04 декември 2019 година.
 
Што вклучува брокерскиот настан:

 

  • бесплатно учество во Б2Б состаноци
  • персонализиран распоред на состаноци (претходно договорени 20-минутни состаноци)        
  • информативен пакет на закажани состаноци – деловна помош од партнерите на Enterprise Europe Network пред, за време и по настанот

 
Зошто да се учествува?

 

  • Можност за средба со голем број експерти од областа на енергетската ефикасност, вода и иновации
  • Добивање увид во најновите технологии во областите на  заштита на животната средина, вода, иновации,  хидроенергија, управувањето со отпадот и слични области

 
Бидете и вие дел од овој исклучителен настан кој воспоставува мостови за соработка и ги отвора вратите на иднината!
 

Линк за регистрација за Брокерскиот настан ‘Match 4 Energy Waste Water’:  http://match4energywastewater.talkb2b.net/

 

 
Дополнителни информации: Емилија Андонова:
emilija.andonova@mir.org.mk