Датум: 21 февруари
Време: 10:00 - 14:00 часот
Локација: Фондација ПСМ, 16та Македонска Бригада 13б, 1000 Скопје
Предавач: Д-р. Анита Грозданов, редовен професор на Технолошко-металуршки факултет-Скопје (Национално контакт лице за програмата Хоризонт 2020 од Република Македонија)
Фондација Претприемачки Сервис за Млади организира еднодневна обука за претставници на мали и средни компании на тема „Искористување на моделот на еквити финансирање за мали и средни претпријатија“. Обуката е наменета за претставници на мали и средни претпријатија кои ќе се запознаат со алтернативните извори на финансирање, пред се на финансирањето преку еквити моделот (фондови на ризичен капитал, бизнис ангели, краудфандинг и др.). Учесниците ќе добијат зајакнато знаење за финансирање на бизнисот преку обезбедување еквити (удел) на трети лица во компанијата, договори со инвеститори, клаузули за заштита и др.
Сите заинтересирани компании кои сакаат да испратат претставник на обуката потребно е да испратат мејл на aleksandar.filiposki@yes.org.mk најдоцна до 19ти февруари. Бројот на учесници е ограничен на 15.
Обуката е дел од активностите на проектот „Стимулирање на неформалниот пазар на ризичен капитал преку промоција на моделот на бизнис ангели“ кој ПСМ Фондација го имплементира со поддршка на Министерството за економија.