Skip Navigation LinksПочетна / Медиа / Детали за новост

ВЕБИНАР „Социјално претприемништво“

10.03.2020

 

Датум: 20.03.2020 (петок)
Час: 12.00ч
Целна група: Мали и средни претпријатија
Јазик: Англиски
Котизација: Бесплатно
 
ЗА ВЕБИНАРОТ
ПСМ Фондација ги поканува сите мали и средни компании да учествуваат на бесплатниот вебинар „Социјално претприемништво“. Вебинарот ќе се одвива на база на студија на случај каде учесниците ќе имаат можност да дискутираат и разменуваат мислења со останатите учесници на прашања поврзани со примерот кој ќе се обработува.
 
ЗОШТО ДА УЧЕСТВУВАТЕ
Учесниците на вебинарот ќе имаат можност да се запознаат со следните аспекти:

 - Што е социјално претприемништво

 - Основни принципи

 - Потреби и социјални проблеми

 - Видови на социјални бизниси во ЕУ

 - Важноста на социјалното претприемништво

 - Предизвици и приоритети

 - Социјални бизниси во Македонија

 
ПРИЈАВУВАЊЕ
За учество на вебинарот потребно е да се
регистрирате на следниот линк, а набрзо потоа ќе добиете потврда на е-мејл со линк за регистрација на платформата каде ќе се одржи вебинарот.
 
МОДЕРАТОР
Проф. д-р Радмил Поленаковиќ – редовен професор на Машинскиот Факултет Скопје, на предметите: Претприемништво и мал бизнис, иновациски менаџмент, менаџмент на човечки ресурси, логистика итн. Автор и коавтор е на повеќе од 300 трудови, а учествувал во реализација на повеќе од 100 меѓународни и домашни проекти од разни програми. Професор Поленаковиќ учествувал во развојот на повеќе стратешки документи во областа на претприемачкото учење, кластерско работење, иновациите итн. Основач е и раководител на првиот универзитетски Бизнис старт-ап центар во земјата во 2006 година. Ги воспоставува Националниот натпревар за бизнис план за средни учичишта и за студенти, при што до денес биле основани 60 старт-ап компании. Во 2009 година професор Поленаковиќ го основа Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење. Гостувачки професор е на УНЕСКО Катедрата за претприемништво на Универзитетот во Нови Сад, Србија. Член е на Европската академија на науките и уметностите.
 
ДОКУМЕНТИ ЗА ВЕБИНАРОТ
Презентација
Студија на случај
 
За повеќе информации контактирајте не на
contact@yes.org.mk или 02 3108 891.
Вебинарот се организира во рамки на проектот БалканМед ИННОВА, финансиран од Европската Унија.