Skip Navigation LinksПочетна / Медиа / Детали за новост

Конференција „Дигитализација и трансфер на технологии за намалување на јаглеродните емисии“

03.10.2021

Датa: 2 и 3 ноември

Локација: Хотел Хилтон Скопје & виртуелно 

Вебсајт: https://powergreen.b2match.io/ 

 
Инспиративни пленарни сесии, информативни работилници и билатерални состаноци за стекнување знаење и нови деловни контакти.
 
Конференцијата има за цел да го истакне ИКТ секторот како клучен играч во борбата против климатските промени, да ги инспирира компаниите да инвестираат во развој на дигитални технологии и услуги и да притискаат кон зелена дигитална трансформација во корист на животната средина, општеството и економијата.
 
 

Целна публика

Компании, јавен сектор и општини, универзитети, истражувачки центри и здруженија.

 

Фокус
·         Управување со отпад
·         Управување со вода
·         Енерија и енергетска ефикасност
·         Обновливи енергии
·         Дигитални технологии
·         Паметни материјали
·         Одржливост, кружна економија
·         Рециклирање и обновување на материјали
·         Итн
 
Зошто да учествувате?
·         Запознајте нови европски и меѓународни клиенти и добавувачи
·         Најдете нови деловни, технолошки и истражувачки партнери
·         Презентирајте ги вашите иновативни решенија
·         Најдете партнери за меѓународни проекти
·         Проширете ја вашата мрежа
·         Договорете виртуелни б2б состаноци
 
Дводневната конференција ќе биде во хибриден формат. Учеството на конференцијата е бесплатно.
 
Регистрација на следниов линк.