Skip Navigation LinksПочетна / Медиа / Детали за новост

Тримесечен менаџмент коучинг „Лидерство на 21 век„

06.03.2022

  

ДАТУМ НА ПОЧЕТОК: 11 април 2022 година 

 

ВРЕМЕТРАЕЊЕ: 21 час (распоредени во 12 денови)

 

ЛОКАЦИЈА: Онлајн 

 

ТЕРМИНИ: еднаш неделно (секој понеделник од 10:00 до 11:45 часот

 

ЦЕЛНА ГРУПА: сопственици на стартап и мали и средни претпријатија, менаџери на компании, раководители на сектор, проектни менаџери

 

ЦЕНА: 7.500 денари

 

ПРИЈАВУВАЊЕ: за да го резервирате вашето место потребно е да извршите уплата најдоцна до 8 април. Повеќе информации можете да добиете на contact@yes.org.mk или на телефон 023103660.
 

За онлајн уплата кликнете тука!

За уплата во банка:
Примач: ПСМ Фондација
Банка на примачот: Халкбанк
Сметка: 270000001048942
Цел на дознака: Лидерство на 21 век

 

ОПИС

 

Потребата да се биде конкурентен, продуктивен и иновативен во време на интензивни промени е предизвик на 21 век. Интензивните промени имаат и негативно влијание врз животниот стил на многумина. Наместо вгнездување во комфор-зона, таквата динамика бара постојано прилагодување кое не го засега само менаџментот на компаниите туку и вработените.  

Стресот кој произлегува од потребата постојано да се прилагодуваме на промени негативно влијае врз продуктивноста. Луѓето кои се под стрес ја трошат енергијата и ресурсите на справување со него, а не на креација, иновација и продуктивност.  

Целта на овој тримесечен тренинг е да се мобилизираат ресурсите на личноста, главно менаџерите кои носат одлуки, кон позитивно прилагодување на промените и начин на управување кој ќе донесе конкурентска предност во 21 век. Преку поттик и развој на хуманите вештини да се максимизира човечкиот потенцијал во насока на креација и мотивација.  Учесниците на тренингот ќе ги зајакнат личните капацитети, нивните хумани вештини како идни креатори на хумани корпоративни средини резилиентни кон промените и со капацитет да го извлечат најдоброто од своите вработени кон зголемување на продуктивноста и развојот.

 

ПРОГРАМА

 

Тренинг програмата се состои од 12 работилници групирани во 6 модули на следниве теми: 

 

Модул 1: Предизвици на 21 век и поставување цели

 

1.       Корпоративен идентитет и вредности - Бизнис планот како алатка

 

·         Подигнување на свеста за корпоративниот идентитет и вредностите што ги рефлектира компанијата/организацијата.

·         Бизнис планот како навигациска алатка.

 

2.       Од визија до план - алатки за поставување цели 

 

·         Целно насочено размислување и делување - од „големата слика“, кон оперативен план.

·         Алатки и критериуми за поставување цели.

 

Модул 2: Ефективна комуникација 

 

3.       Комуникација насочена кон цели 

 

·         Придобивки од корпоративна комуникациска култура насочена кон цели.

·         Фидбекот како алатка за ефективна комуникација.

 

4.       Комуникација на вредностите со јавноста  - Себе-брендирање 

 

·         Комуникација со јавноста, на брендот, вредности, стратешки цели и информации.  

·         Градење автентичен имиџ и позиционирање.

 

 Модул 3: Конфликт менаџмент

 

5.       Групна динамика - како до кохезијa

 

·         Разбирање на групната динамика, формирање и функционирање на тимови.

·         Профили на вработени и детектирање на потенцијални конфликтни точки.

 

6.       Решавање на конфликти во работна средина 

 

·         Што е мобинг, прикриена и отворена агресија.

·         Градење позитивна работна атмосфера.  

·         Методи за решавање на конфликти

 

Модул 4: Емоционална интелигенција

 

7.        Хумани вештини како конкурентска предност

 

·         Емоционална интелигенција како фактор на успех.

·         Хумани вештини како конкурентска предност во 21 век.

 

8.       Преку грижа за себе, до грижа за заедницата и корпоративен развој

 

·         Преку грижа за себе до благосостојба на компанијата.

·         Позитивно лидерство како фактор на мотивација кон продуктивност.

 

Модул 5: Резилиентни компании

 

 

9.       Стрес менаџмент и лидерство во време на промени      

 

·         Разбирање на стрес-механизмот и алатки за стрес менаџмент.

·         Резилиентност на компанијата и модели на управување што ја поддржуваат.

 

10.   Моќта на личните ресурси

 

·         Резилиентноста како фактор кон благосостојба.

·         Од работна средина кон креативна заедница. 

 

Модул 6: Медиа тренинг за менаџери

 

11.    Себе-изразување и комуникација на вредности

 

·         Комуникациска стратегија за себе-изразување.

·         Дигитални и традиционални медиуми, предности и недостатоци.

 

12.   Подготовка за јавен настап

 

·         Подготовка за јавно говорење (презентации во тимот и во појавување во јавност)

·         Подготовка за интервју/прес-конференција/дебата.

 

ЗА ТРЕНЕРОТ

 

Ида Протугер е сертифициран лајф и бизнис коуч која живее и работи во Виена, Австрија. Дипломирала психологија на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Ида има повеќе од 20 години кариера во новинарството, главно на уреднички позиции во повеќе електронски и печатени медиуми, меѓу кои и авто и водител на дебатната емисија „Маркет 168. Кариерата ја почнува во новинската агенција МИА, а потоа работи и во Канал 5, Дневник, Алфа ТВ и неделникот Граѓански. 

Од 2015 година живее во Виена каде се сертифицира за лајф и бизнис коуч. Има повеќе од 1.000 часови искуство во индивидуален коучинг и бројни тренинзи, главно за екс-пат заедницата во Австрија. Нејзина професионална база е хуманистичката психологија која се фокусира на позитивниот човечки потенцијал. Фокус во нејзината работа како бизнис коуч е создавање услови за максимизирање на човечкиот потенцијал што ќе доведе до зголемување на продуктивноста и ефикасноста на компаниите, преку работилници главно наменети за лидери и менаџмент.

Ида Протугер е избрана за една од најдобрите 10 тренери во Виена!