Skip Navigation LinksПочетна / Медиа / Детали за новост

Избор на најдобар бизнис план за зелени бизниси

31.05.2022


 

                                                                                             
Општина Гази Баба и ПСМ Фондација, објавуваат повик за натпревар во бизнис план, со цел за поддршка на три стар ап фирми, со фокус на животна средина. Заинтересираните учесници, старт ап фирмите со седиште во општина Гази Баба, кои искажале интерес за учество на конкурсот, треба да ги исполнуваат следните услови:

 

  • Физички лица на возраст од 18 до 40 години - достава на фотокопија од лична карта;
  • Микро и мали старт ап фирми не постари од 3 години - достава на Тековна состојба не постара од 30 дена од денот на достава;
  • Услов за искористување на наградата од новооснованата фирма е да биде со локација во Општина Гази Баба - достава на Тековна состојба по регистрација на фирмата;
  • Бизнис идеја / иновативно решение со фокус на животна средина - Достава на пријава со краток пресек на бизнис идејата од страна на проектниот тим или старт ап фирмата;
  • Целни области: управување со отпад, управување со води и третман на отпадни води, шумарство и земјоделие, урбана средина, климатски промени и др. - достава на пријава со краток пресек на целната област од страна на старт ап фирмата.

 

Сите учесници ќе имаат можност да бидат дел од акцелераторската програма за зелени бизниси, имплементирана од ПСМ фондација, која вклучува:

  • Циклус обуки на следните теми: 1) разбирање на циркуларна вредност, 2) политики за животна средина и релевантна правна рамка, 3) предлог за циркуларна вредност, 4) синџир на циркуларна вредност, 5) циркуларна вредност со прототипирање, 6) имплементација на циркуларно решение, 7) пристап до финансии и 8) интелектуална сопственост.
  • Менторство од искусни експерти за развој на бизнис идејата
  • Презентација на идеите на настан организиран од ПСМ Фондација

 
Најдобрите идеи ќе имаат можност да добијат награда во износ од 200 000 денари, која вклучува:

  • Целосно опремен канцелариски простор во времетраење од една година;
  • Покриени трошоци за регистрација на фирма во Општина Гази Баба;
  • Учество во акцелераторска програма за зелени бизниси;
  • Континуирана поддршка и менторство за раст и развој на компанијата;
  • Помош при подготовка на апликација / презентација за инвеститори и програми за финансирање;
  • Вмрежување
  • Промоција

 
Начин на аплицирање:  
Заинтересираните учесници ќе треба да ја достават следната документација:

  • Достава на фотокопија од лична карта;
  • Достава на Тековна состојба не постара од 30 дена од денот на достава (доколку станува збор за старт ап компанија);
  • Достава на Тековна состојба по регистрација на фирмата (по завршување на натпреварот);
  • Достава на пријава со краток пресек на бизнис идејата од страна на проектниот тим или старт ап фирмата и краток пресек на целната област на следниот линк

на е-пошта contact@yes.org.mk, најдоцна до 30ти јуни, 2022 година до 23:59 часот.

*Услов за искористување на наградата е новооснованата компанија да биде со седиште во Општина Гази Баба, добитникот на наградата, како и основачот да биде на возраст од 18 до 40 години, а доколку станува збор за постоечка старт ап компанија, да отвори подружница или пак да направи промена на седиште со адреса во Општина Гази Баба