Skip Navigation LinksПочетна / Медиа / Детали за новост

Balkathon 3.0: Натпревар за најдобри дигитални решенија

06.06.2022

 

Аплицирајте до 16 јуни и добијте шанса да освоите менторство и една од шесте награди од наградниот фонд од 60.000 евра! 
 

Советот за регионална соработка (Regional Cooperation Council - RCC) по трет пат го објавува натпреварот за избор на најдобри дигитални идеи и решенија од Западен Балкан – Balkathon 3.0. Периодот за аплицирање е отворен до 16 јуни. 
 
Апликантите може да аплицираат во 5 категории: 

 

  • Електронска трговија
  • Земјоделство, технологии за прехрана и рурален развој
  • Обновливи и одржливи извори на енергија
  • Транспорт и логистика
  • Разно (медицински технологии, биотехнологии, блокчејн и сајбер безбедност, забава и гејминг и  технологии за чиста и зелена средина)

 
Тимовите кои ќе влезат во потесниот круг ќе имаат можност да добијат дводневни менторски сесии од искусни професионалци, шанса да ги имплементираат нивните решенија во регионот на Западен Балкан и да освојат една од шестте награди од наградниот фонд од 60.000 евра. 
 
Ќе бидат доделени награди на шест победнички идеи, односно, четири награди за секоја од главните категории и две награди од категоријата „разно“, каде секој победнички тим ќе добие по 10.000 евра.   
 
Кој може да аплицира?

Balkathon 3.0 е отворен за сите тимови од земјите на Западен Балкан. Се охрабруваат сите тимови да вклучат високо квалификувани индивидуалци, ИКТ компании, студенти, невладини организации, образовни институции, старт-ап компании и сл.   
 
До кога може да се аплицира?

Аплицирањето започнува на 6-ти мај и трае до 16-ти јуни, 2022 година до 23:59 часот. 
 
Временска рамка:
 
Тимовите кои ќе влезат во потесниот круг ќе започнат со работа и развивање на нивните решенија со помош од искусни ментори во периодот од 20-21 јуни.  
 
Официјалното прогласување на победниците ќе биде преку настан од хибриден карактер на 5-ти јули. 
 
Детали за начинот на аплицирање се достапни на https://www.rcc.int/balkathon/#registration.

 

Повеќе детали за Balkathon се достапни на https://www.rcc.int/balkathon