Канцелариски простор и инфраструктура

 
Целосно опремен канцелариски простор, со димензии од 16 м2, вклучени трошоци и целосно покриена логистика, како и можност за co-working простор. Пристап до брз интернет, принтер, сервер соба, сала за состаноци, две сали за обука, заеднички простор за релаксација и бесплатен паркинг. Просторот е обезбеден, со пристап до канцелариите 24/7. 

Промоција и вмрежување
 
Креативна атмосфера, каде претприемачите може да соработуваат и да разменуваат контакти и искуства. Воедно инкубаторот овозможува пристап до широка мрежа на потенцијални Европски партнери и клиенти, преку Enterprise Europe Network, Б2Б настани и организација на алумни кафе, како и промоција на компаниите на сите настани кои ги организира. 
 
Менторска програма - Mentorship driven accelerator
 
Компаниите имаат можност да поминат низ менторска програма спроведена од домашни и странски ментори, поврзана со целосен опсег на бизнис теми, како што се развој на бизнисот на пазарот, конкуренција, маркетинг, структура на компанијата и многу повеќе.
 
Консултации
 
Бизнис консултации со експерти од различни области: продажба, подготовка за состанок со клиенти, презентациски вештини, бенефицирана или целосно бесплатна помош при подготовка на апликации за акцелераторски програми и пристап до финансии. 
 
Адвокатски совети
 
Компаниите имаат пристап до адвокатски совети, целосно бесплатни или по бенефицирани цени. 
 
Тренинзи
 
Пристап до курсевите од платформата www.pretpriemacedu.mk, како и сите обуки (бизнис, ИТ и меки вештини) организирани од страна на ПСМ Инкубатор, по бенефицирани цени. 
 
Co-working 
 
Флексибилно изнајмување простор за работа, за оние кои им е потребна повремена работа во канцелариски простор, со брз интернет и користење сала за состаноци, принтер, скенер, заеднички простор за дружење и бесплатен паркинг.