Skip Navigation LinksПочетна / Детали за производот

30% попуст- Услуга од 5 ѕвезди за буџет од ед...

w   Дали сте подготвени да блеснете?
Цена: 207,63 ден.
ДДВ: 37,37 ден.
Вкупно: 245,00 ден.

Секој сака услуга со пет ѕвезди. Тоа е најсигурниот начин за поголем успех во вашата кариера, и уште поголем успех за вашата организација. А освен тоа, не е ни приближно толку тешко и не одзема толку многу време колку што си мислите!Ова е едноставна, но исклучително силна книга во која авторот на бестселери Мајкл Хепл точно ви кажува како да обезбедите услуга од пет ѕвезди, и како поединци и како организација, и тоа по многу ниска цена.Оваа книга е за вас доколку сакате:- да ги направите вашите клиенти (и вашите колеги) посреќни, и тоа почесто- да постигнете видни резултати што бргу ќе ви ја унапредат кариерата -Да придобиете повеќе клиенти без да потрошите цело богатство -Да добивате постојани нарачки и препораки од секој што ќе го сретнете . Без оглед дали посакувате брз напредок во кариерата, да започнете сопствен бизнис од кој вашата конкуренција ќе се вџаши или пак сакате клиентите да добијат навистина исклучително искуство, ова е прирачник за вас. Низ примери од сите бизнис сфери, од хотели до болници, што и да е вашиот производ или услуга, ќе најдете нешто со што ќе ја направи вашата понуда блескава.А на изборот од моќни идеи и делотворни тактики постојано ќе му се навраќате. Создадете волшебни мигови во секојдневните ситуации со кои ќе ве забележат, запаметат и препорачаат. 


Книгата можете да ја подигнете во просториите на YES Бизнис Инкубаторот или пак да ви биде испорачана на бараната адреса.

Цената на испорака во Скопје изнесува 100 МКД.

Цената на испорака во Македонија изнесува 150 МКД.