Skip Navigation LinksПочетна / За нас / Мисија, визија, цели

Мисија, визија, цели

Мисија
Нашата мисија е стимулирање на развојот на претприемништвото и младинската вработеност преку јакнење на вештините и компетенциите за (само) вработување, младинска ангажираност, програми за колаборативно партнерство и лидерски платформи за поттикнување промени и застапување.

Визија
Нашата визија е да бидеме лулка на претприемништвото, имплементирајќи иницијативи за социо-економско зајакнување, бизнис и иновациски услуги и влијание на јавните политики со главен фокус на одржливата иднина на младите и развој на националната економија.

Долгорочни цели
- Стабилна и самоодржлива организација
- Организација која го поддржува развојот на претприемништвото и малите и средни претпријатија (МСП)
- Организација која го промовира младинското претприемништво и поттикнува млади талентирани поединци или групи да започнат сопствен бизнис
- Препознаена организација за поддршка на интернационализацијата, вмрежувањето и растот на МСП
- Водечка младинска организација која го поттикнува претприемничкото и доживотното учење, особено кај младите и претприемачите и промовира примена на нови пристапи и методологии на учење
- Организација која придонесува кон зголемена вработеност и младинска ангажираност
- Организација која придонесува кон јакнењето на иновацискиот систем во земјата развивајќи нови структури и програми за поддршка на локални иновациски проекти и развој на модерни технологии
- Организација која е водечки иницијатор на промени во граѓанскиот сектор од своите области на делување