1. Име на проектот: Отворање нови бизнис хоризонти преку деловни средби со земјите од централна и југоисточна Европа
Период: Септември – Декември 2015
Целна група: Претставници на мали и средни претпријатија управувани во Македонија и регионот на централна и југоисточна Европа; Организации и институции кои работат на поддршка на развојот на малите и средните претпријатија во Македонија.
Опис на активноста: Дводневна конференција за бизнис вмрежување преку Б2Б средби, размена на искуства, добри практики и можности за регионално поврзување, зголемување на конкурентноста на компаниите, подобрување на понудата и нивната видливост на пазарот. Иницирање и одржување на контакти и придонес кон развојот на претприемништвото, интернационализацијата и конкурентноста на МСП.
Постигнати резултати: 50 мали и средни претпријатија од Македонија и регионот на централна и југоисточна Европа вклучени во конференцијата и Б2Б средбите; реализирани повеќе од 100 билатерални бизнис средби и воспоставени контакти за интернационални соработки.
2. Име на проектот: „Интегрирање на етничките малцинства на пазарот на труд, преку поттикнување на нивниот потенцијал за самовработување“ (Facilitating integration of ethnic minorities into the labour market through enhancement of their employment potentials)
Период: 14 декември 2015 – 14 август 2017
Целна група: Млади луѓе од етничките малцинства и жени со претприемачки дух и потреба за развој на своите вештини за (само)вработување, граѓански организации кои работат во полето на претприемништвото, поддршка и развој на претприемачите, унапредување на пазарот на трудот, општините, претставници на локалната самоуправа, други релевантни институции
Опис на активноста: Активностите на проектот се насочени кон фасилитирање на процесот на интеграција на младите луѓе и жените од етничките малцинства во земјата, на пазарот на труд, преку зајакнување на нивната компетитивност. Проектот вклучи флексибилно структурирана програма за градење на личните капацитети на младите луѓе од етничките малцинства базирана на нивните индивидуални потреби. Промовирани и директно беа поддржани формирања на нови бизниси од страна на младите луѓе и жените од етничките малцинства. Се овозможи создавање на движечка сила за постојан професионален развој на младите, преку организација на јавна промотивна кампања во соработка со граѓанските организации, креативни работилници, обуки за започнување сопствен бизнис, работни пракси, бизнис план натпревар и развој и унапредување на повеќејазичен веб портал посветен на претприемништвото.
Постигнати резултати:
- Програма за (само)вработување: обуки за развој на личните капацитети и вештини на младите, англиски јазик, ИТ вештини, пишување на професионална биографија (CV), мотивациско писмо, пишување на бизнис план и бизнис планирање,
- Тренинг курсеви за претприемништво и започнување сопствен бизнис,
- Програма за ментори и професионални пракси,
- Промотивна кампања за претприемништво,
- Натпревар за бизнис план преку кои најдобрите 5 бизнис беа наградени по 5000 евра за започнување на бизнисот,
- Развој на веб платформа за учење со обуки за обучувачите во рамки на граѓанските организации кои работат на унапредување на вештините и личните капацитети на младите за (само)вработување,
- Креативни работилници за жени кои сакаат да започнат сопствен бизнис,
- Развој и надградба на веб порталот www.pretpriemac.mk (достапна верзија на албански јазик, како и претставување на отворена алатка за онлајн продажба/купување, e-commerce).
3. Име на проектот: „Градење на локални капацитети за креирање на младински политики“ (Building local capacity for youth policy development)
Период: 21 ноември 2015 – 20 мај 2017
Целна група: Млади луѓе, младински граѓански организации, претставници на три единици на локалната самоуправа (општините Пробиштип, Старо Нагоричане и Чашка) кои работат на креирање на младински политики.
Опис на активноста: Проектните активности овозможуваат поддршка на процесот на вклучување на младите луѓе во процесот на одлучување и воспоставување механизми за долгорочен развој и одржлива имплементација на локални младински политики. Целта е да се имплементира Националната Стратегија за Млади на РМ 2015-2020 на локално ниво, усогласувајќи ја со локалните потреби и приоритети. Потоа, да се стимулира соработка помеѓу граѓанскиот сектор и креаторите на политики во рамки на општини, како и севкупно да се зајакнат капацитетите на сите стеикхолдери за креирање и развој на локални младински политики. Воспоставени се заеднички форуми кои и во иднина активно ќе учествуваат во набљудувањето на имплементацијата на локалните младински програми и подобрувањето на социо-економската положба на младите во трите општини, но и преку размена на добри практики пошироко во земјата.
Постигнати резултати:
- Студија и компаративна анализа на состојбата на младинските политики во трите општини,
- Обука за развој на младински политики и младинско работење за млади луѓе, претставници на граѓанските организации кои работат со млади и претставници на локалната самоуправа од трите општини,
- 3 дебати, 3 форуми
- Пилотирање на 6 мерки во согласност со локалните младински политики и Националната Стратегија за Млади на РМ 2015-2020,
- Повик за доделување грантови за финансирање на 6 проекти од страна на локалните младински граѓански организации во трите општини.
4. Име на проектот: Обуки и персонализирани консултации за пристап до финансии, за зголемена конкурентност и иновативност на претприемачите и нивните бизниси
Период: 1 август 2015 – 20 декември 2015
Целна група: Претприемачи, сопственици на мали и средни бизниси од територијата на град Скопје, на возраст од 18 – 45 години
Опис на активноста: Две реализирани обуки за проектен менаџмент и пристап до финансии преку национални и европски програми. Одржани персонализирани консултации, односно индивидуални советодавни средби за 10 од претприемачите кои учествуваа на обуките и кои покажаа сериозност во намерата за подготовка на проекти за кои може да се обезбеди пристап до финансии преку различни инструменти. Консултациите ги одржаа искусни консултанти и ментори, дел од експертската мрежа на ПСМ Фондација со долгогодишно искуство во различни програми за пристап до финансии за микро, мали и средни претпријатија.
Постигнати резултати: 24 млади претприемачи и сопственици на 18 различни стартапи и мали и средни бизниси од територијата на град Скопје, учествуваа на две специјализирани обуки за проектен менаџмент и пристап до финансии, а 11 од нив добија и персонализирани консултации за пристап до финансии со претставување на програми соодветни за нивните потреби, можности и со цел поголема конкурентност и иновативност на нивните бизниси.
Напорите придонесоа за зголемување на свеста, па така дури 7 од стартапите кои работат во ПСМ инкубатор аплицираа на двата повици од националниот Фонд за иновации, а 3 стартапи добија и директна финансиска поддршка (Прајм апс, Гордиан и Интерактив гејминг).
5. Име на проектот: „Млади креативни претприемачи за одржливо Скопје“ - Подигнување на свеста за социјално претприемништво преку креирање на платформа за промоција и поддршка на концептот на младински социјални бизниси
Период: 9 јуни 2015 – 26 ноември 2015
Целна група: Граѓански организации од територијата на Град Скопје кои работат или имаат потенцијал да работат во доменот на социјално и младинско претприемништво; Студенти и невработени млади луѓе на возраст од 18-30 години од територијата на град Скопје.
Опис на активноста: Зголемување на свесноста кај граѓанските организации и кај младите луѓе за можностите и придобивките од социјалното претприемништво, преку пренесување на знаење и корисни европски практики. Поставување на основа за здружено и систематско делување на граѓанските организации на полето на социјално претприемништво преку креирање на платформа за вмрежување, размена и соработка. Зголемување на степенот на информираност кај младите луѓе за начинот на основање и водење на социјални бизниси преку промотивно-едукативен материјал (прирачник и видео презентации).
Постигнати резултати:
- 8 граѓански организации и вкупно 12 претставници на работната средба за социјално претприемништво и предлози и препораки за промотивна платформа за подигнување на свеста меѓу граѓанскиот сектор, младите луѓе, претприемачите и пошироката јавност за поддршка и промоција на социјалното претприемништво;
- Изработен едукативно-промотивен материјал под мотото „Инспирирај се!“ (Прирачник за основање на социјален бизнис и дисеминирани видео пораки со успешни приказни од европските социјални претпријатија);
- Едукативно-промотивниот материјал беше проследен со онлајн кампања на веб страните на ПСМ Фондација со што најмалку 3000 млади луѓе се здобија со повеќе информации за придобивките и можностите за основање на социјални бизниси;
- Резултатите беа промовирани на неколку настани со учество на повеќе од 30 стеикхолдери, како Европската недела на МСП 2015, Глобалната недела на претприемништвото 2015 и Млади Инфо BOOM проект.
6. Име на проектот: Зголемување на капацитетите на младите претприемачи за успешен маркетинг и продажба со цел поттикнување на развој на иновативни производи и нивно успешно пласирање на пазарот
Период: 11 јули 2015 – 30 април 2016
Целна група: Млади претприемачи кои имаат сопствен бизнис, млади луѓе со претприемачки дух кои сакаат да започнат свој сопствен бизнис
Опис на активноста: Две реализирани обуки за продажни вештини и успешен маркетинг, одржани менторски сесии – бизнис средби со фасилитатори, две креирани видео обуки кои ја таргетираа онлајн публиката преку поставување на порталите yes.org.mk и pretpriemac.mk, како и дисеминирање преку редовните билтени и социјалните мрежи на овие медиуми.
Постигнати резултати: 30 млади претприемачи и сопственици на бизниси учествуваа на обуките и на менторските сесии – бизнис средби и се стекнаа со поуспешни продажни техники и алатки при пласирање на нивните производи и услуги на пазарот, повеќе од 3000 млади луѓе и претпримачи беа таргетирани преку објавата и дисеминацијата на онлајн обуките.
7. Име на проектот: t-MAIL - Мобилна апликација за наставнци за иновативно учење
Период: ноември 2015-октомври 2017 година
Целна група: носителите на одлуки за образование, обучувачи и специјализанти.
Опис на активноста: Овој проект има за цел развој и тестирање на мобилна апликација за стимулирање персонализирано и саморегулирано учење на учениците во основно училиште. Креаторите на образовните политики, едукаторите на наставниците и наставниците од основните училишта се клучните чинители на проектот.
Постигнати резултати:
-
Теоретска рамка за саморегулираното учење
-
Проценка на потребите на наставниците, едукаторите на наставниците и креаторите на политиките
-
Мобилна апликација за саморегулирано учење
-
Курс за обука за наставници и едукатори на наставници
-
Магацин на податоци, анализа на податоци и извори на учење
-
Пилотска студија и курс за обука на наставници