Листа на имплементирани проекти

2019

 

1. Име на проектот: Обуки и персонализирани консултации за зголемување на капацитетите на компаниите за водење е-бизнис и е-трговија

Период:  1 јуни 2019 – 30 септември 2019

Целна група: Претприемачи, сопственици на мали и средни бизниси од територијата на град Скопје

Опис на активноста: Проектот има за цел да ги зголеми капацитетите на малите и средни бизниси, како и на индивидуалните претприемачи за водење е-бизнис и имплементација на е-трговија во нивното работење, преку посета на обука, персонализирани менторски сесии и поставување на производите на е-продавницата на ПСМ Фондација, https://eshop.pretpriemac.mk/ .  

Постигнати резултати: Проектот е во фаза на имплементација.

 

2. Име на проектот: Креирање одржливи можности за претприемништво

Период: 15 септември 2019 - 15 септември 2020

Целна група: млади луѓе на возраст од 18-30, со посебен фокус на жени

Опис на активноста: Главната цел на проектот е да придонесе кон развојот на младинското претприемништво преку охрабрување и стимулирање на млади луѓе, особено жени од источните краеви на земјата да креираат иновативни бизнис идеи и отвараат нови бизниси, што  на подолг рок би резултирало со зацврстување на капацитетите на младите луѓе,  претприемачите како и целокупниот претприемачкиот потенцијал на земјата, креирање на одржлив економски развој,  повисока стапка на вработеност и помала имиграција.

Постигнати резултати: Проектот е во процес на имплементација.

2018

1. Име на проектот: Од стартап до растечка компанија: Проширување на претприемачката иднина на Европа

Целна група: иновативни стартап компании од таргетираните ЦЕИ земји

Опис на активноста:

Постигнати резултати: Balkan Technology Match Conference привлече компании од 10 различни земји од ЦЕИ: Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Чешка, Македонија, Полска, Романија, Срција, Словачка и Словенија. Беа постигнати следните резултати:

 

-     18 состаноци беа проценети како без доволен интерес/не се планираат идни контакти

-    48 состаноци беа многу информативни но без планирана соработка

-        131 состанок беа проценети како успешни со можна соработка

-        7 состанови веќе воспоставија интернационална соработка

 

2017

1. Име на проектот:  Балкан – Медитерански центар за претприемништво и иновации (Balkan-Mediterranean Centre for Entrepreneurship and innovation)

 

Период: 24 јули 2017 – 23 јули 2019

Целна група: постоечки и потенцијални претприемачи, бизнис организации, граѓански организации со фокус на претприемништво, локална влада

Опис на активноста: Целта на проектот е да го стимулира претприемачкото размислување, да го охрабри креирањето на иновативни стартап бизниси и да создаде пријателска средина и култура за развој на претприемништвото и раст на малите и средни претпријатија. Проектот вклучува веб- платформа која нуди пристап кон тренинг материјали, курсеви, видеа и други корисни алатки за градење на капацитетите на новите бизниси и претставува оддржлива алатка за претставување и промоција на иновации на малите и средни претпријатија. Дополнително, најдобрите бизнис идеи и планови ќе добијат бенефиции во облик на менторство и студиски  посети кои ќе го забрзат растот и развојот на ново-формираните стартап компании.

Постигнати резултати:

Проектот е во тек.

 

2. Име на проектот:  Јакнење на капацитетите на малите и средни претпријатија преку подобрена поддршка за иновации (InnoSupport)

 

Период: 18 декември 2017 -  17 јуни 2019

Целна група: македонски мали и средни компании, студенти заинтересирани во полето на иновации, даватели на поддршка за иновации

Опис на активноста: Проектот се стреми да придонесе кон креирање на силна иновациска клима во државата преку промовирање на концептот на иновативни бизниси. Алатките креирани во рамките на проектот преку кои ќе се подобри конкурентноста на МСП вклучуваат: онлајн курс за иновациски менаџмент, водичи за поддршка на иновации и можности за финансирање иновации кај МСП, прва мобилна апликација, обуки за европската програма „Хоризонт 2020“ и заштита на интелектуалната сопственост како и доделување национална награда за најиновативно претпријатие на годината.

Постигнати резултати:  Во рамките на проектот беше изработен првиот онлајн курс за иновациски менаџмент со материјали за учење и мултимедиски елементи, поставен на платформата pretpriemacedu.mk; водич со основни алатки за поддршка на иновации кај МСП како и водич со можности за финансирање иновации кај МСП; прва мобилна апликација што ќе ги информира компаниите за понудата и побарувачката на иновативни технологии на светско ниво и олеснет трансфер на истите; Проектот вклучи и обука за заштита на интелектуалната сопственост и европската програма „Хоризонт 2020“ за компании и беше распишан национален конкурс за избор на најиновативна компанија за 2019 година каде беа избрани победници од 3 различни категории и прогласени на манифестација со доделување на признанија и парична награда.

 

3. Име на проектот:  Јакнење на капацитетите и механизмите за поддршка на реформскиот процес на Поглавје 20

 (YESNetwork +)

 

Период: 15 мај 2017 -  14 мај 2019

Целна група: национални и локални граѓански организации што дејствуваат во областите на Поглавје 20

Опис на активноста: Проектните активности придонесоа за основање на платформата Поглавје 20 и креирање на ресурсен центар што овозможува следење и евалуација на имплементацијата на реформите во Поглавје 20- Претпријатија и индустриска политика. Проектни активности и обуки дополнително беа насочени кон зголемување на капацитетите на граѓанските организации за креирање и следење политики и вмрежување. Креираните документи за јавни политики, експертски обуки и интернационалниот форум за најдобри практики беа дел од активностите за унапредување на политиките за МСП.

Постигнати резултати: Реализирани 6 еднодневни обуки од страна на три странски и пет домашни експерти, креиран ресурсен центар, едукативни видеа, прирачници, вебинари, 3 експертски работилници на избрани теми од Поглавје 20 во врска со состојбите и предизвиците во поглавјето, пристапот до финансии и поддршка и стимулирање на иновации кај МСП. Прв Интернационален форум за вмрежување, трансфер на знаење и споделување на најдобрите практики. Поддржани 8 проекти, реализирани од осум граѓански организации, креирани 11 кратки документи за јавни политики базирани на истражувања, анализи и експертски средби.

 

 

4. Име на проектот:  Јакнење на капацитетите на граѓанските организации со цел унапредување на креирањето на младинските политики

 

Период: 19 декември 2017 – 18 февруари 2019

Целна група: граѓански организации и млади луѓе

Опис на активноста: Проектот цели да придонесе кон подобрување на организациските капацитети на граѓанскиот сектор и да го зајакне активното граѓанство во процесот на креирање на младинските политики. Проектните активности вклучуваат одржување обуки за граѓанските организации, онлајн курс за креирање на младинските политики со вклучени примери и добри практики, прирачник за развој на вештини за застапување и лобирање и настани за вмрежување помеѓу граѓанските организации и другите клучни чинители во креирањето на младинските политики.

 

Постигнати резултати: 

 

-        Прирачник за развој на вештини за застапување и лобирање доставен до 200 граѓански организации

-        Онлајн курс за креирање на младински политики со вклучени примери и добри практики, поставен на платформата pretpriemacedu.mk

-        Обуки за граѓански организации

-        3 настани за вмрежување

-        Одржани повеќе од 60 состаноци за вмрежување

-        Развиени капацитети на граѓанските организации за креирање на младински политики

-        Зголемена соработка и трансфер на знаење помеѓу граѓанските организации и релевантните владини и невладини чинители во полето на креирање на младински политики

-        Воведени нови алатки и технологии во креирањето на младинските политики и обучување на претставниците на граѓанските организации за нивна ефикасна употреба

 

5. Име на проектот:  Онлајн мастер студиска програма за циркуларна економија

 

Период: 29 декември 2017 – 28 јануари 2020

Целна група: студенти, бизнис сектор, претприемачи, професори, образовни институции

Опис на активноста: Генералната цел на проектот  е да иницира и поддржи долгорочна стратегиска соработка помеѓу високообразовните институции и бизнис секторот со цел промоција на концептот на циркуларна економија и креирање на Мастер студиска програма на истата тематика.

Постигнати резултати:

Проектот е во тек.

 

 

2016

1. Име на проектот: „Заедно за успех: млади претприемачи, движечка сила за добри меѓуетнички односи“ (Together4Success: Young entrepreneurs, a driving force for good inter-ethnic relations)

 

Период: 1 февруари 2016 – 31 јануари 2018

Целна група: Постоечки и потенцијални претприемачи, невладини организации кои работат во полето на претприемништвото, организации кои нудат бизнис поддршка, локалната самоуправа

Опис на активноста: Активностите на проектот целат да ја мобилизираат сцената на граѓански организации за поддршка и развој на претприемништвото и организациите за бизнис поддршка nа претприемачите во рамки на кампањата „И јас сум претприемач“ (I’m an Entrepreneur, too!), која се фокусира на промовирање на претприемништвото како кариерен избор меѓу различните етнички малцинства во земјата. Овој проект е надградба на проектот Мрежа за поддршка на млади претприемачи (www.yes-network.org), преку јакнење на капацитетите на мрежата во рамки на една заедничка програма за развој со сопствен Акциски план кој ќе биде поткрепен и со фонд за претприемачки развој во износ од 46.800 евра.

 

Постигнати резултати:

 

-    Мултиетничка истражувачка студија за младинско претприемништво,

-    Меѓуетнички претприемачки кампови,

-    Претприемачко учење и обука на потенцијални млади претприемачи,

-    Ресурси за учење за тренери и фасилитатори,

-    Акцелерација на локалната поддршка за стартапите преку организациите за нудење на бизнис поддршка на претприемачи,

-    Размена на добри практики

 

2. Име на проектот: „Т-Маил – Персонализирано учење преку иновативна наставна мобилна апликација“ (t-MAIL - Teacher Mobile Application for Innovative Learning)

 

Период:  1 ноември 2016 -  31 октомври 2018

Целна група: Креатори на политики и одлучувачи во областа на образованието за возрасни, обучувачи, наставници во основно и средно образование, како и ученици.

Опис на активноста: Преку проектните активности ќе се развие и тестира мобилна апликација која треба да стимулира персонализирано и саморегулирано учење од страна на учениците во основното образование. Апликацијата ќе го испорача ова преку иновативен метод на аналитика, визуелизација, лесно достапни и информативни ресурси, како и можност за експериментирање со инвидуалната образовна патека на секој ученик со цел да се подобро процесот на учење. И учителите ќе бидат обучени за користењето на апликацијата.

Постигнати резултати:

 

-    Теоретска рамка за саморегулирано учење,

-    Анализа на потребите на учителите, едукаторите на учителите и креаторите на образовни политики,

-    Развиена мобилна апликација за саморегулирано и персонализирано учење,

-    Обука за учителите и едукаторите на учителите,

-    Анализа, менаџмент на податоците и ресурси за учење,

-    Пилот студија и курс за обука на учителите

 

2015

1. Име на проектот: Отворање нови бизнис хоризонти преку деловни средби со земјите од централна и југоисточна Европа

 

Период: Септември – Декември 2015

Целна група: Претставници на мали и средни претпријатија управувани во Македонија и регионот на централна и југоисточна Европа; Организации и институции кои работат на поддршка на развојот на малите и средните претпријатија во Македонија.

Опис на активноста: Дводневна конференција за бизнис вмрежување преку Б2Б средби, размена на искуства, добри практики и можности за регионално поврзување, зголемување на конкурентноста на компаниите, подобрување на понудата и нивната видливост на пазарот. Иницирање и одржување на контакти и придонес кон развојот на претприемништвото, интернационализацијата и конкурентноста на МСП.

Постигнати резултати: 50 мали и средни претпријатија од Македонија и регионот на централна и југоисточна Европа вклучени во конференцијата и Б2Б средбите; реализирани повеќе од 100 билатерални бизнис средби и воспоставени контакти за интернационални соработки.

 

2. Име на проектот: „Интегрирање на етничките малцинства на пазарот на труд, преку поттикнување на нивниот потенцијал за самовработување“ (Facilitating integration of ethnic minorities into the labour market through enhancement of their employment potentials)

 

Период: 14 декември 2015 – 14 август 2017

Целна група: Млади луѓе од етничките малцинства и жени со претприемачки дух и потреба за развој на своите вештини за (само)вработување, граѓански организации кои работат во полето на претприемништвото, поддршка и развој на претприемачите, унапредување на пазарот на трудот, општините, претставници на локалната самоуправа, други релевантни институции

Опис на активноста: Активностите на проектот се насочени кон фасилитирање на процесот на интеграција на младите луѓе и жените од етничките малцинства во земјата, на пазарот на труд, преку зајакнување на нивната компетитивност. Проектот вклучи флексибилно структурирана програма за градење на личните капацитети на младите луѓе од етничките малцинства базирана на нивните индивидуални потреби. Промовирани и директно беа поддржани формирања на нови бизниси од страна на младите луѓе и жените од етничките малцинства. Се овозможи создавање на движечка сила за постојан професионален развој на младите, преку организација на јавна промотивна кампања во соработка со граѓанските организации, креативни работилници, обуки за започнување сопствен бизнис, работни пракси, бизнис план натпревар и развој и унапредување на повеќејазичен веб портал посветен на претприемништвото.

Постигнати резултати:

-    Програма за (само)вработување: обуки за развој на личните капацитети и вештини на младите, англиски јазик, ИТ вештини, пишување на професионална биографија (CV), мотивациско писмо, пишување на бизнис план и бизнис планирање,

-    Тренинг курсеви за претприемништво и започнување сопствен бизнис,

-    Програма за ментори и професионални пракси,

-    Промотивна кампања за претприемништво,

-    Натпревар за бизнис план преку кои најдобрите 5 бизнис беа наградени по 5000 евра за започнување на бизнисот,

-    Развој на веб платформа за учење со обуки за обучувачите во рамки на граѓанските организации кои работат на унапредување на вештините и личните капацитети на младите за (само)вработување,

-    Креативни работилници за жени кои сакаат да започнат сопствен бизнис,

- Развој и надградба на веб порталот www.pretpriemac.mk (достапна верзија на албански јазик, како и претставување на отворена алатка за онлајн продажба/купување, e-commerce).

 

3. Име на проектот: „Градење на локални капацитети за креирање на младински политики“ (Building local capacity for youth policy development)

 

Период: 21 ноември 2015 – 20 мај 2017

Целна група: Млади луѓе, младински граѓански организации, претставници на три единици на локалната самоуправа (општините Пробиштип, Старо Нагоричане и Чашка) кои работат на креирање на младински политики.

Опис на активноста: Проектните активности овозможуваат поддршка на процесот на вклучување на младите луѓе во процесот на одлучување и воспоставување механизми за долгорочен развој и одржлива имплементација на локални младински политики. Целта е да се имплементира Националната Стратегија за Млади на РМ 2015-2020 на локално ниво, усогласувајќи ја со локалните потреби и приоритети. Потоа, да се стимулира соработка помеѓу граѓанскиот сектор и креаторите на политики во рамки на општини, како и севкупно да се зајакнат капацитетите на сите стеикхолдери за креирање и развој на локални младински политики. Воспоставени се заеднички форуми кои и во иднина активно ќе учествуваат во набљудувањето на имплементацијата на локалните младински програми и подобрувањето на социо-економската положба на младите во трите општини, но и преку размена на добри практики пошироко во земјата.

Постигнати резултати:

-    Студија и компаративна анализа на состојбата на младинските политики во трите општини,

-    Обука за развој на младински политики и младинско работење за млади луѓе, претставници на граѓанските организации кои работат со млади и претставници на локалната самоуправа од трите општини,

-    3 дебати, 3 форуми

-    Пилотирање на 6 мерки во согласност со локалните младински политики и Националната Стратегија за Млади на РМ 2015-2020,

-  Повик за доделување грантови за финансирање на 6 проекти од страна на локалните младински граѓански организации во трите општини.

 

4. Име на проектот: Обуки и персонализирани консултации за пристап до финансии, за зголемена конкурентност и иновативност на претприемачите и нивните бизниси

 

Период: 1 август 2015 – 20 декември 2015

Целна група: Претприемачи, сопственици на мали и средни бизниси од територијата на град Скопје, на возраст од 18 – 45 години

Опис на активноста: Две реализирани обуки за проектен менаџмент и пристап до финансии преку национални и европски програми. Одржани персонализирани консултации, односно индивидуални советодавни средби за 10 од претприемачите кои учествуваа на обуките и кои покажаа сериозност во намерата за подготовка на проекти за кои може да се обезбеди пристап до финансии преку различни инструменти. Консултациите ги одржаа искусни консултанти и ментори, дел од експертската мрежа на ПСМ Фондација со долгогодишно искуство во различни програми за пристап до финансии за микро, мали и средни претпријатија.

Постигнати резултати: 24 млади претприемачи и сопственици на 18 различни стартапи и мали и средни бизниси од територијата на град Скопје, учествуваа на две специјализирани обуки за проектен менаџмент и пристап до финансии, а 11 од нив добија и персонализирани консултации за пристап до финансии со претставување на програми соодветни за нивните потреби, можности и со цел поголема конкурентност и иновативност на нивните бизниси.

Напорите придонесоа за зголемување на свеста, па така дури 7 од стартапите кои работат во ПСМ инкубатор аплицираа на двата повици од националниот Фонд за иновации, а 3 стартапи добија и директна финансиска поддршка (Прајм апс, Гордиан и Интерактив гејминг).

 

5. Име на проектот: „Млади креативни претприемачи за одржливо Скопје“ - Подигнување на свеста за социјално претприемништво преку креирање на платформа за промоција и поддршка на концептот на младински социјални бизниси

 

Период: 9 јуни 2015 – 26 ноември 2015

Целна група: Граѓански организации од територијата на Град Скопје кои работат или имаат потенцијал да работат во доменот на социјално и младинско претприемништво; Студенти и невработени млади луѓе на возраст од 18-30 години од територијата на град Скопје.

Опис на активноста:  Зголемување на свесноста кај граѓанските организации и кај младите луѓе за можностите и придобивките од социјалното претприемништво, преку пренесување на знаење и корисни европски практики. Поставување на основа за здружено и систематско делување на граѓанските организации на полето на социјално претприемништво преку креирање на платформа за вмрежување, размена и соработка. Зголемување на степенот на информираност кај младите луѓе за начинот на основање и водење на социјални бизниси преку промотивно-едукативен материјал (прирачник и видео презентации).

Постигнати резултати:

-    8 граѓански организации и вкупно 12 претставници на работната средба за социјално претприемништво и предлози и препораки за промотивна платформа за подигнување на свеста меѓу граѓанскиот сектор, младите луѓе, претприемачите и пошироката јавност за поддршка и промоција на социјалното претприемништво;

- Изработен едукативно-промотивен материјал под мотото „Инспирирај се!“ (Прирачник за основање на социјален бизнис и дисеминирани видео пораки со успешни приказни од европските социјални претпријатија);

- Едукативно-промотивниот материјал беше проследен со онлајн кампања на веб страните на ПСМ Фондација со што најмалку 3000 млади луѓе се здобија со повеќе информации за придобивките и можностите за основање на социјални бизниси;

-    Резултатите беа промовирани на неколку настани со учество на повеќе од 30 стеикхолдери, како Европската недела на МСП 2015, Глобалната недела на претприемништвото 2015 и Млади Инфо BOOM проект.

 

6. Име на проектот: Зголемување на капацитетите на младите претприемачи за успешен маркетинг и продажба со цел поттикнување на развој на иновативни производи и нивно успешно пласирање на пазарот

 

Период:  11 јули 2015 – 30 април 2016

Целна група: Млади претприемачи кои имаат сопствен бизнис, млади луѓе со претприемачки дух кои сакаат да започнат свој сопствен бизнис

Опис на активноста: Две реализирани обуки за продажни вештини и успешен маркетинг, одржани менторски сесии – бизнис средби со фасилитатори, две креирани видео обуки кои ја таргетираа онлајн публиката преку поставување на порталите yes.org.mk и pretpriemac.mk, како и дисеминирање преку редовните билтени и социјалните мрежи на овие медиуми.

Постигнати резултати: 30 млади претприемачи и сопственици на бизниси учествуваа на обуките и на менторските сесии – бизнис средби и се стекнаа со поуспешни продажни техники и алатки при пласирање на нивните производи и услуги на пазарот, повеќе од 3000 млади луѓе и претпримачи беа таргетирани преку објавата и дисеминацијата на онлајн обуките.

 

2014

1. Име на проектот: Поддршка на МСП и претприемништвото преку остварување на бизнис средби за жени претприемачи

 

Период: Септември – Декември 2014

Целна група: Жени претприемачи од Македонија

Опис на активноста: Креирање на директен придонес кон развојот на женското претприемништво во Македонија, интернационализација и конкурентост на домашните мали и средни претпријатија преку создавање можности за вмрежување и бизнис средби меѓу жени претприемачи.

Постигнати резултати: Организирана дво-дневна интернационална конференција на тема претприемништво со околу 100 учесници; организирани бизнис средби помеѓу 50 компании поседувани или управувани од жени во Македонија со жени од земјите во регионот; организирани околу 250 билатерални средби.

 

2. Име на проектот: Мрежа за поддршка на млади претприемачи  (Youth  Entrepreneurship Support Network – YES Network)

 

Период: 8 април 2014 – 6 септември 2015

Целна група: Повеќе од 150 граѓански организации кои работат со младинско претприемништво, 100 млади претприемачи, 12 експерти од партнерски организации, 30 експерти од локалните власти кои работат на темата претприемништво и вработување.

Опис на активноста: Мрежа за поддршка на млади претприемачи е европска мрежа составена од граѓански организации кои работат на поттикнување и развој на младинско претприемништво. Мрежата работи на градење и јакнење на капацитетите и вмрежување на граѓанските организации, промоција на активности и иницијативи за зајакнување на младите со цел зголемување на ефикасноста на членовите. Организациите членки нудат поддршка на младите луѓе во нивните региони и придонесуваат кон стимулирање на социо-економскиот развој на национално ниво преку поддршка на иновации, претприемништво и трансфер на знаење. Еден од аспектите на кои се фокусираат организациите членки на т.н. YESNetwork е и социјалното претприемништво како значаен двигател на инклузивниот локален развој.

Постигнати резултати: Истражување на потребите на младите претприемачи, состаноци со стеикхолдери (вклучени најмалку 20 граѓански организации), обучени партнери, 8 промотивни настани и 8 обуки за повеќе од 300 млади луѓе, развој на заеднички стратешки акционен план и креирање на првата национална мрежа на граѓански организации за младинско претприемништво што работи на унапредување на социо-економската положба на младите преку развој и имплементација на локална програма во линија со Акцискиот план за претприемништво 2020 на ЕУ. Повеќе од 150 релевантни членови на Мрежата, вклучително: граѓански организации, компании и институции за поддршка на младинското претприемништво. Преку проектот доделени 9 директни грантови за локални претприемачки проекти низ цела Македонија и 3 награди за промовирање на добри пракси меѓу граѓанските организации.

 

3. Име на проектот: Поврзување на неформалното и формалното учење за зајакнување на социјалната инклузија (Life, All-In: Connecting formal and informal learning to enhance social inclusion)

 

Период: 1 септември 2014 – 31 август 2016

Целна група: Образовни институции, невладини организации, владини образовни и други релевантни институции, креатори на политики за образование воопшто, со посебен фокус на образование на возразни, возрасни лица кои се исклучени од општествените процеси поради недостиг на образование, недоволно познавање на јазик, итн.

Опис на активноста: Развој на подобрени методи и образовни програми за подобрено образование за возрасни, како и учење на странски јазици за имигранти и малцинства со цел зголемена социјална инклузија во општествата во петте европски земји вклучени во проектот.

Постигнати резултати: Изработка на прирачник за едукатори со цел реплицирање на развиените формални и неформални курсеви со цел поодбрени програми за образование на возрасни лица. Настани за информирање на пошироката јавност, широка дисеминација на резултатите преку електронските медиуми, подобрени практики во рамки на образованието за возрасни.

 

4. Име на проектот: Сериозни игри за развивање на претприемачките вештини кај возразните (Serious Games for Entrepreneurship Skills of Adult Learners)

 

Период: 1 септември 2014 -  31 август 2016

Целна група: Возрасни лица на возраст од 35 до 50 години, како и наставници, едукатори и тренери кои спроведуваат обуки за возрасни лица, без или со квалификации.

Опис на активноста: Развивање на т.н. „сериозна игра“ (board game) која ќе придонесе за претприемачкото учење кај возрасните преку примена на нови неформални иновативни едукативни методи и тренинг курсеви, со крајна цел истите да можат да се спроведуваат и во образовните институции, најнапред за возрасни лица кои имаат потреба од развој на нови вештини за самовработување и претприемништво, потоа и за студенти. Презентација на играта пред релевантни стеикхолдери за нејзино понатамошно пренесување.

Постигнати резултати:  Најмалку 10 обучени наставници и имплементатори на сериозната игра за развивање на претприемачките вештини на возрасните од 6 различни земји; најмалку 90 возрасни луѓе вклучени во пилот фазата за тестирање на играта и прибирање на евалуација за нивното корисничко искуство, преку што ќе се креираат препораки за нејзино подобрување во 6-те вклучени земји.

 

5. Име на проектот: Градење на капацитети за вработување кај младите преку промоција и поттикнување на волонтерска работа

 

Период: 1 септември – 30 ноември 2014

Целна група: Млади невработени лица

Опис на активноста: Обука и волонтерска работа за градење на капацитети на младите невработени лица.

Постигнати резултати: Реализирана обука во времетраење од 8 часа и реализирана волонтерска работа на едно лице во времетраење од 3 месеци.

 

6. Име на проектот: Одобрување пристап до финансии за претприемачи

Период: 1 јуни – 31 декември 2014

Целна група: претприемачи, инвеститори, чинители на политики

Опис на активности: Проектот има за цел да овозможи информации за главните предизвици и пречки со кои се соочуваат претприемачите при процесот на барање алтернативни извори на финансирање.

Постигнати резултати:

Претприемачи од Балканот имаа можност да ги промовираат своите бизниси и претстават пред потенцијални инвеститори, да запознаат соодветни партнери/соработници и да се прошират на интернационалните пазари. Беше дискутирана можноста за воспоставување политички мерки за олеснување на пристапот до соодветни можности за финансирање.

 

2012

 

1. Име на проектот: Развој на почетни бизниси преку директно менторство на млади претприемачи

 

Донор: Град Скопје

Период: Септември 2012 – Февруари 2013

Целна група: Сопственици на почетни бизнис во РМ и оние сместени во ПСМ инкубаторот

Опис на активноста: Неколкумесечно менторирање на претприемачите со експерти на различни теми, со цел потенцијален раст и развој на сите почетни бизниси вклучени во проектот, преку стекнување на неопходни и клучни вештини потребни за водење на сопствен бизнис.

Постигнати резултати: Креирање култура на користење на експертски услуги (ментори, консултанти и сл.), подобро управување на фирмите, можности за креирање на дополнителни работни места преку подобрување на секторот на мали и средни претпријатија, проширување на веќе постоечката менторска шема која долгорочно ќе ги нуди своите услуги во рамките на ПСМ Фондација.

 

2. Име на проектот: Програма за кариерен развој

 

Донор: Град Скопје

Период: Мај 2012 - Октомври 2012

Целна група: Матуранти, студенти и невработени луѓе од подрачјето на Град Скопје на возраст од 18 до 26 години

Опис на активноста: Обуки за планирање на кариера и подготовка за интервју за работа, индивидуално советување за кариера, работилници за кариерни центри во средните училишта.

Постигнати резултати: 80 млади луѓе поминаа обука за планирање на кариера и подготовка за интервју за работа; 30 млади луѓе добија индивидуални советувања за развој на кариера; претставници од средните училишта во Град Скопје споделија искуства и знаења за раководење со центар за кариера. 


3. Име на проектот: Зголемување на стапката на вработеност кај млади жени од етничките малцински заедници во Македонија и Албанија преку зголемување на нивните компетенции за само вработување.

 

Донор: Les Paquerettes

Партнери:  Доркас Интернационал, Албанија и Табита Фондација, Албанија

Период: Јануари 2012- Септември 2012

Постигнати резултати: 48 невработени жени од македонска, албанска и ромска етничка припадност обучени како да започнат и водат сопствен бизнис. 4 грантови во висина од 1.000 евра доделени на 4 најдобри бизнис планови.

  
4.
Име на проектот: Технолошка програма за млади- креирање на можности за вработување

 

Донор:  Амбасада на Кралството Норвешка во Скопје

Период: Февруари 2012- Декември 2012

Постигнати резултати: 20 млади луѓе со зголемено знаење од графички дизајн; 20 млади луѓе со знаење како да развијат сопствена мобилна апликација.

 

5. Име на проектот: Стимулација за младите претприемачи и иновации преку е- учење

 

Донор:  Амбасада на САД во Скопје

Период: Февруари 2012 - во имплементација

 

6. Име на проектот: Зголемување на конкурентноста и капацитетот за интернационализација на мали и средни претпријатија преку организирање обуки и консултантски услуги

 

Период: Септември 2012- Декември 2012

Целна група: Сопственици и вработени во мали и средни претпријатија од областа на информатичко комуникациските технологии

Опис на активноста: Развој на претприемништвото, иновативноста и конкурентноста на меѓународниот пазар на малите и средните претпријатија во ПСМ бизнис инкубаторот, со финална цел за нивен забрзан раст и развој, преку организирање на менторски сесии и повеќе различни тематски обуки.

Постигнати резултати: Зголемена листа на ментори до 30 членови и организирани 70+ менторски сесии, како и организирани обуки за зголемување на капацитетите на вработените во МСП во бизнис инкубаторот.

 

7. Име на проектот: Социјално претприемништво Европа (Social Enterprising Europe)

 

Период: 1 ноември 2012 – 31 октомври 2014

Целна група: Организации (НВО, универзитети, бизнис инкубатори, старт-ап центри), социјални претприемачи, обучувачи за социјален бизнис.

Опис на активноста: Развивање на програма за едукација и развој на социјалното претприемништво, преку јакнење на капацитети на организации, потенцијални и активни социјални претприемачи, како и обучувачи на различни теми поврзани со социјалниот бизнис, коучинг и инкубирање за старт-ап компании во рамките на социјално претприемништво.

Постигнати резултати: Над 50 одржани обуки на тема социјално претприемништво, обучени над 100 млади луѓе од пет различни земји во Европската Унија, анализирани и вклучени повеќе од 30 социјални претприемачи преку интервјуа, развиен едукативен материјал (програма за курс) за започнување социјален бизнис.

 

2011

 

1. Име на проектот: Глобална недела на претприемништво 2011- Македонија (www.gew.com.mk)

Период: 14- 20 Ноември 2011 

 
2.
Име на проектот: Startup Weekend Skopje (http://skopje.startupweekend.org)

Период: 11- 13 Ноември 2011

Опис на активности: Startup Weekend  настанот трае 54 часа и е примарно фокусиран за креирање десктоп, мобилни и интернет решенија кои што можат да бидат трансформирани во продуктивни бизниси. Учесниците имаат 60 секунди да ја презентираат својата идеја, по презентацијата тие гласаа за најдобрата бизнис идеја и формираа 9 тима каде што ги трансформираа идеите во прототипи и развиваа бизнис модел. Победничките идеи беа наградени преку реализирање на истите. 

 

3. Име на проектот: Советување и Планирање на кариера преку насочување на персоналните компетенции

  
Донор: Град Скопје
Период: 06 Јули 2011 – 31 ноември 2011
Целна група: Студенти и дипломирани невработени млади луѓе на возраст од 22-30 години од територијата на град Скопје. Најмалку 50 млади луѓе ќе добијат стручни совети за започнување на сопствен бизнис; 4 неискусни кадри ќе бидат директно вклучени во практикантска работа во времетраење од 6 месеци.
Опис на активности: ПСМ опреми канцеларија која ќе функционира како советодавен центар кој ќе им помага на младите во процесот на започнување на сопствен бизнис како одлична алтернатива за надминување на мостот од завршување на образованието до економско осамостојување. Во исто време, проектот вклучи 4 практиканти за временски период од 6 месеци, кои беа вклучени во секојдневните активности на фондацијата. Практикантите се здобија со соодветно работно искуство кое ќе може да ги искористат во понатамошниот развој на кариера.


4. Име на проектот: Startup Weekend Скопје  

 

Период: 24-26 Јуни 2011
Целна група: Млади образовани луѓе со желба да започнат сопствен бизнис. Настанот се фокусираше на учесници од ИТ секторот, со посебен фокус на програмери и економисти кои развиваа бизнис модел.
Опис на активности: Startup Weekend е интензивен 54 часовен настан кој се фокусира кон креирање на мобилни, десктоп или интернет решенија кои понатаму би можеле да се трансформираат во продуктивен бизнис. Учесниците имаа 60 секунди да ја презентираат идејата, по излагањето, за идеите кои беа изгласани како најдобри се формираа 9 тимови кои ја трансформираа идејата во прототип на производ истовремено изработувајќи и бизнис модел. Најдобрите 4 идеи беа наградени во насока на реализација на бизнис идеите.
Постигнати резултати: За време на викендот 52 млади ентузијасти, работеа на реализација на своите бизнис идеи и за 54 часа успеаја да развијат демо верзија на производите кои ќе ги нудат на пазарот. Победничкиот тим е награден со 4 HP лаптопи од Дуна во соработка со HP, 6 месеци канцеларија во ПСМ Инкубаторот, регистрација на фирма, консултации и обуки. Тимовите кои го освоија второто и третото место беа наградени со 3 месеци канцеларија во ПСМ инкубаторот (само за вториот тим) и консултации и обуки. На настанот учествуваа 24 спонзори (1 премиер, 1 платинумски, 7 златни, 15 сребрени) и 25 медиумски спонзори.

 

5. Име на проектот: Едукација на млади Роми за започнување бизнис и подготовка за само- вработување

 

Донор: Les Paquerettes
Период: Февруари 2011 – Септември 2011
Целна група: Директни корисници во проектот се 36 млади Роми, кои по завршување на обуката би биле способни да подготват бизнис план и да започнат сопствен бизнис. Корисниците имаат познавање од англиски јазик и компјутери.
Опис на активности: Активностите на проектот се состојат од Обука за започнување бизнис сертифицирана од CISCO Entrepreneurship Institute, за 36 млади Роми поделени во 3 групи. По завршување на обуката, тие пишуваат бизнис планови со кои се натпреваруваат за наградниот фонд кој ќе им биде доделен на трите најдобро подготвени бизнис планови, како помош при реализација на тој бизнис.
Постигнати резултати: 36 млади Роми ги поминаа обуките и подготовија бизнис планови.

 

6. Име на проектот: Креирање работни места за млади жени преку практична работа

 

Донор: GTZ Македонија и Амбасадата на Норвешкото Кралство во Македонија
Период: Мај 2011- Ноември 2011
Целна група: 60 млади жени со универзитетска диплома на возраст помеѓу 22 и 35 години.
Опис на активности: Проектот се состои од одржување на обуки за бизнис знаење и меки вештини, како и кариерни советувања за 60 млади жени од Југоисточниот, Источниот, Западниот и Југозападниот плански регион во Македонија, по што би имале можност да посетуваат пракса во локални компании со што се очекува да резултира во вработување.


7. Име на проектот: Надминување на јазот помеѓу во администрацијата и вработените во јавните институции и нивна едукација за експлоатација на ИКТ решенијата за подобрување на работата

 

Донор: Амбасада на САД во Скопје, Македонија
Период: Февруари 2011- Декември 2011
Целна група: 20-30 вработени во јавна администрација или претставници на менаџментот од јавните институции од 2 општини во Македонија со цел да бидат обучени како поефикасно и поефективно да ги извршуваат своите обврски.
Опис на активности: Главна активност на проектот беа обуките според курсот iExec Public Essentials сертифицирани од CISCO Entrepreneurship Institute во комбинација со 2 часовни индивидуални консултации за секој учесник. По завршување на обуката учесниците изготвуваат бизнис планови од кои најдобрите 2 ќе бидат наградени.
Постигнати резултати: Обуката ја посетуваа 30 учесници- претставници од 3 скопски општини: Центар, Кисела Вода и Карпош. Учесниците подготвија бизнис планови.

 

2010

1.  Име на проектот: Глобална Недела на Претприемништво 2010 - Македонија (www.gew.com.mk)

 

Партнери: Национален центар за развој на иновации и претприемничко учење (NCDIEL – http://www.ncdiel.mk/).
Период: 15 ноември 2010 – 21 ноември 2010
Целна група: Генералната јавност, вклучувајќи: универзитети, невладиниот сектор, интернационални организации, бизнис секторот и сите други организации и институции чија дејност е стимулирање на претприемништвото во регионот.
Опис на активности: Организирани повеќе од 30 настани во 5 градови во Македонија во насока на стимулирање на претприемничкиот дух и адресирање на генералната јавност за неговата важност: Обуки, Презентации, Трибини, Семинари, Работилници, Форуми, Регионални конференции, Креативност, Иновација, Настани за поврзување. http://gew.com.mk/index.php?option=com_eventlist&view=categories&Itemid=77&lang=mk
Постигнати резултати: Анимирање на над 2000 млади луѓе ширум Македонија за претприемништвото и можностите за само-вработување, јакнење на нивните бизнис познавања преку обуките како и информирање на бизнис и владиниот сектор за значењето на претприемништвото за развојот на македонската економија.

 

2. Име на проектот: Реоткривање на старата скопска чаршија 


Донор: Фондација Отворено Општество Македонија
Период: 01 септември 2010- 01 септември 2011
Целна група: Целна група беа самите занаетчии кои работат во Чаршијата, младите луѓе кои имаат афинитети кон старите занаети кои некогаш биле застапени во Чаршијата или сеуште постојат таму. Бизнисите кои функционираат и имаат директна корист од порталот, поради промоција на нивната работна околина и можноста за зголемена фреквенција на луѓе.
Опис на активности: Изработка на веб портал кој ги содржи сите информации за старата скопска чаршија, односно информации за културно - историските споменици во чаршијата, храната и пијалаците типични за луѓето кои живеат и работат во чаршијата, интересни факти од историјата на чаршијата, информации од туристички карактер, информации за актуелните настани и случувања, визуелни податоци како фотографии и видеа, и слично. Промоција на истиот на скопската јавност на 25 декември 2010 година, преку посебен промотивен настан кој се одржа во ГЕМ клубот во самата чаршија и како посебна активност организирана за промоција на сајтот беше Фото - натпреварот за избор на најдобра фотографија инспирирана од мотивите на Старата Скопска Чаршија. Првите 50 пријавени учесници добија и бесплатно учество на Работилница по Фотографија, која ја одржи проф. Владимир А Велјановски.
Постигнати резултати: Веб порталот беше изработен и поставен на две домеин адреси, www.staracarsija.mk и www.skopjeoldbazar.com (за меѓународна употреба). Редовното објавување на нови содржини, објавувањето на известувања за истите на Facebook и Twitter профилите, како и промотивните активности кои беа организирани, бележат голем број на посетители (преку 20 000 посети). На Фото- натпреварот се пријавија вкупно 86 млади луѓе кои испратија вкупно 220 фотографии, од кои беа наградени 3те најдобри фотографии со фотоапарат Canon EOS 459D 18-55 IS, фотопринтер и ваучер за печатење од Фото Мите и ваучер за печатење од Дигитал Центар.

 


3. Име на проект: Зголемување на економскиот раст и конкурентноста на трајна основа, повисока стапка на вработеност, пораст на животниот стандард и квалитет на живеење

 

Донор: Град Скопје
Период: септември - декември 2010
Целна група: 30 млади, образовани ИКТ кадри
Опис на активности: Обука Започнување бизнис, според програмата на CISCO Entrepreneur Institute
Постигнати резултати: Преку креирање на групи од млади ИКТ инженери за здобивање претприемачки вештини се зголеми бројот на ИКТ претприемачи кои ќе започнат сопствен бизнис, се поддржа понатамошен развој на информатичкото општество во Македонија, и се потпомага и поттикнува подобрување на ИКТ секторот на мали и средни претпријатија.

 

 

4. Име на проектот: Промоција на претприемништвото помеѓу младите жени во четири региони во Република Македонија

 

Донор: Амбасада на САД во Скопје, Македонија
Период: 10 месеци (Февруари 2010 – Декември 2010)
Целна група: 60 – 80 млади жени од четири региони на Република Македонија
Опис на активности: Обуки за започнување бизнис во 6 модули, наменет за жени кои сакаат да започнат сопствен бизнис
Постигнати резултати: Промовирање на претприемачкиот дух помеѓу младите жени во Македонија и унапредување на нивното бизнис знаење и вештини. Зголемување на бизниси започнати од млади жени. Промовирање на претприемачката култура во земјава.

 

 
5. Име на проектот: Одговорно претприемништво кај младите: Креирање на култура на антикорупција во приватниот сектор

 

Донор: Европска Комисија

Партнери: INCEPTUM, Развоен Центар за Претприемачки потенцијали Лтд, Асоцијација на граѓани ‘Независно биро за развој’ (IBD) Градачац, Иницијативи

Период: 12 месеци (Јануари 2010 – Декември 2010)

Целна група: Директната целна група на проектот се млади претприемачи во сите земји на Западен Балкан (Албанија, БиХ, Хрватска, Македонија, Црна Гора, Косово, и Србија) кои неодамна започнале бизниси или имаат намера да започнат бизнис.

Опис на активности: Да се направи ефективен придонес од страна на цивилното општество во борбата против корупцијата во бизнис секторот, и во промовирањето на култура на етички одговорно претприемништво кај младите.

Постигнати резултати: Цивилното општество во 7 земји, мобилизирани за темата антикорупција и одговорно претприемништво кај младите; ефективно адресирање ма темата корупција во приватниот сектор; свест за корупцијата подигната кај младите претприемачи и промовирана култура на одговорно претприемништво кај младите луѓе.

 

 

 

2009