Аплицирај со своја бизнис идеја тука!
Фондација Претприемачки Сервис за Млади (ПСМ) со главна компонента бизнис инкубатор за поддршка на микро, мали и средни претпријатија од областа на информационо-комуникациските технологии преку процесот на бизнис инкубација овозможува пристап до услуги наменети за забрзување на нивниот раст и развој.
Членките на инкубаторот имаат корист од:
- * бенефицирани цени за бизнис канцеларија,
- * право на користење на сала за состаноци, компјутерска лабораторија, просторија за одржување презентации и обуки,
- * совети во секојдневните операции,
- * обуки и тренинзи за зајакнување на капацитетите за водење бизнис,
- * менторирање од страна на домашни и странски врвни експерти, претприемачи и консултанти,
- * промоција,
- * посредување при финансирање,
- * поврзување со клиенти,
- * организирање настани за вмрежување и интернационализација.